ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во тек пријавување на штети од невремето од град во прилепско

801

Општина Прилеп по невремето во понеделникот на 9 ти јули проследено со пороен дожд, град и силен ветер што ги зафати дел од атарите на Мало Коњари и Големо Коњари ги презеде првите чекори за проценка на штети. Општината формираше 4 члена комисија која ќе прави проценка по пријавите за штети на земјоделските култури. Како што информираат од подрачната единица на министерството за земјоделство пријавите ќе можат да се подигнат од приемното одделение на Општината, каде комплетирани со потребната документација ќе треба да ги достават до среда 18 јули. Во прилог на барањето земјоделците ќе треба да достават соодветен документ со што се докажува сопственоста на земјоштето или закупот, копија од лична карта и копија од трансакциона сметка. Комисијата ќе започне со увид на состојбата на терен од понеделник по што ќе изготви извештај и елаборат за вкупната и поединечните штети, кои потоа се доставуваат до владина комисија. Најмногу штети според првичните проценки има на тутунот и житните и градинарските култури. Пелагонија во неколку наврати беше зафатена од поројни дождови и град што остави трајни последици врз земјоделското производство.
Владата на Република Македонија работи на усогласување на Законот за земјоделство и рурален развој и Законот за заштита и спасување, за да се унифицира постапката и да не се формираат повеќе комисии, со цел да се забрзат постапките и да се пратат до владината комисија, која што ќе ја преземе целокупната работа во делот на обештетувањето. Во меѓувреме МЗШВ работи на долгорочна стратегија односно на сет мерки за заштита на земјоделството од временските непогоди предизвикани од климатските промени.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: