ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Вработените од Еурокомпозит не отстапуваат од барањата за трајно решение

Протести пред Владата во Скопје и блокада на регионален пат Прилеп - Градско

518

По синоќешната одлука на Владата за линеарна исплата на примања со позајмица од државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО, вработените од Еурокомпозит продолжуваат со протестите во Скопје пред Владата и со блокада на регионалните патишта и улиците во Прилеп. Претставници на вработените вчера во Скопје одржале две средби на кои се преговарало за надминување на проблемите во компанијата, исплата на плата, на заостанати плати и подмирување на заостанатите придонеси. И денеска, групата вработени која остана во Прилеп во периодот од 9 до 11 часот го блокираа регионалниот пат Прилеп – Градско кај Заполшки мост.

 

Синдикалната организација е на ставот дека нема конечен договор со највисоките владини претставници за решавање на проблемите ..
– Вчера одржавме две средби и тоа со вицепремиерот Коцо Анѓушев и со премиерот Зоран Заев. На двете средби не се договоривме да го прекинеме протестот во Скопје, затоа што тоа што ни го понудија беше истото што ни го ветија пред 3 месеци – дека во рок од 6 месеци ќе ни го решат нашиот проблем. Истото и сега ни го нудат но,ова е 3 месеци почнувајќи од денеска па натаму.
Значи ние мислиме дека сме излажани изманипулирани и дека секое доаѓање во Скопје ни ветуваат дека за 3 месеци ќе ни го решат проблемот. А, инаку Владата ни нудеше да ни исплатат една плата веднаш и да го тргнеме кампот од Скопје. Со таа една плата што ќе ни ја исплатат, проблемот се решава само за еден месец, па наредниот месец повторно треба да доаѓаме во Скопје зашто знаете сите дека сите плати кои сме ги добиле, сме ги зеле само со штрајкови и протести. Ние му кажавме дека со ова не го решаваме нашиот проблем, така што не дојдовме до некое конечно решение. Затоа ние го продолжуваме нашиот протест во Скопје и исто така го активиравме и во Прилеп со блокада на патишта и улици. Протестот пред Владата во Скопје ќе се зголемува со поголема поддршка, а работниците кои остануваат во Прилеп ќе блокираат на месноста Заполшки мост.
Ниту еден месец досега немаме земено плата без да се протестира, вели Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација на Еурокомпозит кој ја предводи групата вработени што се наоѓа во кампот во Скопје.
Инаку, на 77-мата седница на Владата на Република Македонија по разгледувањето на информацијата за состојбата со 11 Октомври – Еурокомпозит од Прилеп било одлучено : на вработените во Еурокомпозит линеарно ќе им се исплатат примања

„Владата ја задолжи компанијата да побара позајмица од компаниите во државна сопственост од ЕЛЕМ и од МЕПСО од по 3 милиони денари или вкупно 6 милиони денари. Во исто време, Владата им препорача на двете претпријатија да го обезбедат побаруваниот заем.
Половина од средствата (3 милиони денари), се наменети за линеарна исплата на примања за вработените. Околу 30% од средствата ќе бидат наменети за набавка на репроматеријали и на други потребни средства на компанијата. Остатокот од парите ќе се насочат за тековно одржување на 11 Октомври – Еурокомпозит, од Прилеп“, стои во соопштението од владината прес служба.
Покрај тоа Владата го задолжи Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори – Кочо Анѓушев, во согласност со позитивните законски прописи, во најскоро можно време да најде конечно решение за компанијата 11 Октомври – Еурокомпозит од Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: