ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Втор ден Духовден – Патрон празник на прилепските фризери

2.050

Втор ден Духовден, патрон празник на прилепските стилисти; фризер, бербери и козметичари. Во организација на прилепската Асоцијација на фризери, бербери и козметичари денеска прилепските стилисти беа на богослужба  во  црквата  „Свети Кирил и Методиј“ “, познат меѓу прилепчани како Параклис, а на стариот домаќин му го предаде кумството на новиот домаќин: Дарко Костадиноски од фризерското студио ЕMA Place.

„Традицијата на собирање на фризерите и берберите на овој ден, Духовден е долга повеќе од 70 години. Како еснаф веруваме дека духовниот патрон празник ќе ни донесе здравје, среќа и бериќет.  Веруваме дека нашиот духовен патрон празник Духовден ќе ни помогне во нашиот занает, да ни биде  поуспешен и поквалитетен.”- истакна Зоран Бошкоски, претседател на Асоцијацијата на фризери, бербери и козметичари.

По повод патрониот празник,  делегација на Асоцијацијата на фризери, бербери и козметичари положија и свежо цвеќе на Могилата на непобедените, во спомен паркот на Револуцијата во Прилеп, во чест на паднатите прилепски борци, кои по професија биле бербери или фризери.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: