ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Заев: Перспективата за бизнисот- мир, стабилност и безбедност на државата

642

Во дворот на фабриката „Кромберг и Шуберт Македонија“, во Битола (Индустриска зона Жабени) денеска се одржа трета по ред форум -дискусија на Темата „ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕКУ ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И ВО НАТО“  во организиција на Стопанската комора на Р.Македонија, на која присуствуаше Премиерот на Р.Македонија Зоран Заев,како и вицепремиерот Кочо Аѓушев. На трибините пред присутните  стопанственици од Прилеп и регионот, градоначалниците,пратеници, премиерот истакна:

„Македонија станува попријатно место, доволно мотивирачки да се создава профит, а очекувањата на државата преку инвестиции, странски или домашни да расте бруто домашниот производ, да се отвораат нови работни места, да расте извозот…Податоците од првиот квартал од годината се добри. Просечната плата порасна за 6,2 %, а извозот се зголеми за 17 % и после долг период на стагнација во вториот квартал бележиме раст на бруто домашниот производ за 3,1 % но, имаме сериозен минус во градежништвото, а тоа е важна гранка во стопанството, бидеји ги поврзува речиси сите гранки. 

Овој пат нема политиканство. Овој пат одлуката која ќе ја носат нашите граѓани ќе ја осигура нашата иднина и иднината на деловниот сектор. Мир, стабилност и безбедност се најважни за инвестициите во Македонија и тоа деловните луѓе го знаат. Важната е инфрастурата, енергетската инфраструктура, еколошкиот аспект за да направиме песпектива за сите деловни субјекти“, рече премиерот Зоран Заев на денешниот форум во организација на Стопанската комора на Македонија во Битола.  

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: