ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Заев: Поголема конкуренција за тутунскиот откуп и повисоки субвенции за наредната реколта

685

Обезбедување на поголема конкуренција при откупот на тутунот преку ангажирање на повеќе откупни фирми, намалување на бројот на класите и повисока државна финансиска поддршка за производство на тутун се главните новини кои Владата ќе ги спроведува за новата тутунска реколта, истакна премиерот Зоран Заев при денешната посета на прилепско. Важно е да се обезбедат перспективи за македонското тутунопроизводсто со гаранции дека поголемиот дел од заработката ќе остане во рацете на дирекните производители.


– Мене ми е важно заедно со Владата да продолжиме со трендот на продуцирање на зголемување на побарувачката за тутунот. Тоа значи дека мора да отвориме нови перспективи за Тутунскиот Комбинат- Прилеп.

Комбинатот ќе има своја иднина со што ќе се отвораат постапките за негова трајна трансформација, каде што ќе ги зголемиме и количествата на откуп, но и количествата на финалниот производ. Мило ми е тоа што влегуваат и нови откупни компании во Македонија. Фирмата ‘Мисиријан’ од Грција е веќе нов откупувач на тутун, а ќе започне со работа од март. Тие веќе отворија фирма ‘Мисиријан’ ДООЕЛ во Струмица, но ќе откупуваат и овде.

Tоа значи зголемен број откупувачи, зголемена побарувачка која што ќе ја подигнува цената на тутунот и на крајот на денот поголемиот дел заработувачка да останува кај тутунопроизводителите“, рече премиерот Зоран Заев, денеска во централниот откупен пункт на Тутунски Комбинат во Прилеп.

Наскоро ќе започнат преговорите околу новите откупни цени, но државата е таа која што треба да обезбеди можности за поголема продукција, напоредно со поголема конкурентност во делот на побарувачката на македонскиот тутун.

– Од идната година започнуваме со измените и дополнувањата на Законот за тутун , а тоа значи воведување на раст на субвенциите. Знаете дека со промените на Законот кои што оваа година ќе се донесат, а ќе важат од идната година, првата класа ќе биде субвенционирана со 80 денари, втората класа со 70 денари, а другите класи со по 60 денари. Ова го најавувам за сите тутунопроизводители како дополнителна мотивација, не само да произведуваат тутун, туку и да произведуваат квалитетен тутун, знаејќи дека ќе земат и поголеми субвенции. Остануваме максимално фокусирани на ова, затоа што нашиот народ живее од тутунот. Ќе го поддржуваме и понатаму земјоделството, надевајќи се дека и младите генерации ќе бидат доволно мотивирани да продолжат со производство и на храна и на сите останати земјоделски производи, како што е тутунот“ потенцираше премирот Заев.

Според преставниците од тутунските здруженија, откупната кампања се ближи кон својата завршница. Откупени се близу 18 илјади тони тутун, а преостанаттото производство од околу 5 илјади тони тутун доправа треба да се преземе од прилепскиот дел. Моменталната просечна цена изнесува 209, 5 денари по килограм. Законскиот рок за крај на тутунскиот откуп е 15 март.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: