ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Премиерот Зоран Заев во посета на Кривогаштани и Прилеп

729

 

Во посета на прилепскиот дел од Пелагонија денеска присуствуваше владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, заедно министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посебната советничка Ленче Николовска, како и директорот на Државниот земјоделски инспекторат Јане Станковски. Делегацијата најпрво го посети откупниот пункт на Сокотаб во Кривогаштани, каде направи увид во текот на откопот на тутунот, при што премиерот Заев се запозна со забелешките на производителите, откупните цени и можностите како државата да обезбеди пофер просечни цени, но и кои се планираните интервенции во легислативата во делот на субвенционирањето на оваа земјоделска култура.


Воедно, премиерот Заев оствари средба и со градоначалникот на Општина Кривогаштани Рубин Шефтероски. Во рамките на неколку часовната посета на регионов, претпладнево премиерот Заев се сретна и со градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, а го посети и централниот откупен пункт на Тутунски Комбинат АД Прилеп.

Акцентот на оваа регионална владина посета во прилепско, прва по одржувањето на локалните избори, беше ставен на аграрната политика, особено во врска со една од најзначајните земоделски култури – тутунот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе