ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Започнува етапната исплата на пензиите

369

Пензиите ќе се исплаќаат предвреме и етапно, информираше Министерството за труд и социјална политика ии тоа од утре, 26 ти август, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките, за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
– Во среда, 26 август, исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во четврток, 27 август, исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во понеделник, 31 август, исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во вторник, 01 септември, исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од среда, 26 август. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
За пензионерите кои досега ја добиваа пензијата преку Еуростандард банка АД и кои сѐ уште не отвориле трансакциска сметка во друга банка преку која ќе продолжат да ја примаат пензијата, ќе следат дополнителни исплати на августовските пензии на 07.09.2020, 14.09.2020 и 25.09.2020 година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: