ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

МИКРОМАНИПУЛАЦИИ изложба од Владимир Здравески во ЦК Марко Цепенков

398

Во четврток, на 27 август, во 20.00 часот, во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Микроманипулации“ од прилепскиот уметник Владимир Здравески. „Микроманипулации“ e тематска изложба од девет дела кои се последица на  истражување на микроскопски записи од разни органи  и други ситуации кои се дел oд микросветот, вели уметникот.

„Причината за создавањето на делатa е предизвикот  да  извлечам некаква  микроситуација  од микро  во  макропростор.

Навлегувањето  навнатре (се мисли на микросветот) и континуираното ширење ми  ја изместија перцепцијата за тоа што е големо и  мало,  далеку и блиску,  микро и макро, сето тоа заедно како еден флуид кој непрекинува.

 

 

Секој  составен дел од  тој свет има своја посебна  намена и улога значајна за себе и за целината од која е дел. Исто така секој дел е понесен од  некаква  енергија за да ја врши таа функција, а истата таa eнергија е и нашата движечка сила. Па, така, во мојот случај решив дa бидам таа енергија и дел oд тие микроситуации да ги зголемам за да бидат видливи за човечкото око.

Конопот и јутата  кои сами по себе претставуваат груб и крут  материјал, сематеријали  кои често гисреќавав во мојот живот, бидејќи сум роден во град каде што често се користат за  тутунот. Долго време ги игнорирав  бидејќи ги  сметав за бескорисен материјал надвор од нивната функција. Овојпат  ми привлекоа   големо  внимание, особено заради нивната груба текстура и крутост. Голем предизвик ми беше  да ги искористам за да претставам нешто што е спротивно од нивните особини.

Исто така сметам дека човекот, одговорот за постоењето на непознатите работи често го бара околу него, со експерименти кои ја занемаруваат неговата природа како постоење, со слабо себеспознавање, многу ретко се осмелува да погледне „во  себе“, што е она  што е в онего и зошто е толку важно за тоаоколу него и дека одговорот на многу прашања  би дошол од тука – вели Владимир Здравески за причината за создвањето на неговите дела. 

Владимир Здравески е  роден 1996 година во Прилеп.  Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности приУниверзитетот Св. Кирил и Методиј, отсек сликарство, модулконзервација и реставрација.Член на ДЛУМ од 2020 година. Учесник на повеќе групни изложби во државава и надвор од неа.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: