СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Заврши ли конечно голготата на Еуркомпозит?!

394

Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ го прекинаа штрајкот ги собраа шаторите пред Влада и од понеделник се враќаат во погоните. Тие ја  прифатија владината понуда за исплата на две плати,  понудата што ја добиа на средбата со вицепремиерот Анѓушев  а која гласи веднаш линеарно да добијат по 30 илјади денари,  дел од нив да бидат прогласени за технолошки вишок и да се бара итно решение за статусот на загубарот.

Решавањето на проблемот со „Еурокомпозит“ ќе оди по примерот на кавадаречки „Фени“, однос со план за реорганизација. Се предвидува околу 130 работници да заминат како технолошки вишок.

Вработените на „Еурокомпозит“ имаат побарувања по основ на не исплатени плати и придонеси од 2012-та година.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе