ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Земјоделците ги отфрлаат обвинувањата за партиска поврзаност на протестите

745

На релација земјоделци – министер Арјанит Хоџа не стивнуваат јавните прозивки и „препукувања“. По последната изјава на министерот за земјоделство во емисијата “Жешко политичко лето” на Канал 5 која се емитуваше вчера -16 ти јули, се огласи Игор Мирчески со реакција во името на новоформираните тутунски здруженија и еден од организаторите на протестот во Прилеп, во која се отфрлаат било каква поврзаност со политички партии. Реакцијата ја пренесуваме во целост:

„После вчерашната изјава на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-н Аријанит Хоџа и се позачестениот обид од разни партиски, владини или други структури блиски до политичките партии на власт, сведоци сме дека се прави обид сите наши протести кои се правеа за време на откупот на тутунот, како и последниот, кој неодамна се одржа во Прилеп да се прикажат партиски или во организација на опозицијата бидејќи, тоа и е изгледа најлесниот начин на власта за да ја намали бројноста на истите, како и начин некому да му дискредитира реални барања или проблеми за кои нема решение да ги овозможи или реши на вистински начин како што се прави тоа во современите земји. Загрижени сме за тоа што веќе оваа констатација или тврдење сега јавно и доаѓа од највисокото место поврзано со земјоделието. Овие размислувања и констатации не само што се невистини туку веќе и задираат во нашата вистинска и искрена борба за правата на земјоделците. Еве јавно г-не министер сакам да ве запрашам: Кое барање што е упатено на протестот во Прилеп е поврзано со политика? Дали доисплатата на субвенциите, мерките или ковид пакетите. Или пак за законот за продажба на земјиштето каде ниту еден земјоделец не дал позитивно мислење освен можеби неколку мина намерно поставени пред камери, или како што рековте за зелената такса која ќе предизвика поскапување на горивата, а со тоа и на цените на производите за целокупнита потрошувачка, земјоделците немало да осетат бидеќи земале зелена нафта. Па затоа ќе ве прашам тутунарите земаат зелена нафта? Сточарите земаат зелена нафта? А за другите гранки кога ќе биде таа фамозна зелена нафта на почеток на сезоната или на крај на сезоната, пред избори или после нив? И затоа драги мои господа не ние, туку вие оставете ја политиката и решете ја проблематиката, се вели во јавната реакција упатена од Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија и еден од организаторите на протестот во Прилеп до ресорниот министер Арјанит Хоџа.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: