ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЖРК Металург го скрши отпорот на ракометарките на Деспина

541

Во 20. коло на женската ракометна Суперлига, екипата на Деспина и беше домаќин на во Прилеп. Средбата мина во очекувана доминација на девојките на Металург, кои од самиот почеток ги презедоа работите во своите раце и ја приведоа средбата до победнички крај. Отпорот на домашниот тим беше скршен уште во првото полувреме во кое стекнавме недостижни 9 гола разлика, на кои до крајот им додадовме уште 4 гола, за конечни 19:33.
ЖРК Металург се задржа на втората позиција, со бод повеќе од Пелистер и од Куманово, но и со натпревар помалку од овие две екипи.
ЖРК Деспина – ЖРК Металург 19:33 (9:18)
РК Деспина: Димитриеска, Е.Рипилоска 1, Димоска, Ристеска, Камческа 2, Крстевска 1, Ристевска, Димова 1, Димитрова, Јовеска 6, Богеска, Конеска 4, Камческа 2, Спиркоска, Седлоска 1 и Л.Рипилоска 1. Седмерци: 9/15. Исклучувања: 8 минути.
ЖРК Металург: Илијаз, Гугуљанова 1, Владева 3, Божиновска 2, Тасевска 5, Арсениевска 2, Алексоска 1, Дамчевска 3, Калајџиевска 5, Граматова 1, Ристовска 2, Ѓеоргиевска 2, Паскал, Стефановска 3, Гајиќ 2 и Брунчевиќ 1. Седмерци: 5/5. Исклучувања: 12 минути.
Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје.
Делегат: Петре Климаков.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: