ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Златно спортско перо за Кирил Самарџиоски

898

Љубовта кон спортот, особено кон фудбалот и анганжманот за развој, е причината поради која Кирил Самарџиоски доби престижно признание – награда од спортските новинари на Југо – Источна Европа. Станува збор за награда која ја доделуваат спортските новинари од Југо – Источна Европа, а се однесува не само на личниот анганжман, туку и улогата која компанијата Прилепска пиварница ја води во развојот на спортот во Република Македонија во периодот од осамостојувањето до денес.
Наградата Златно спортско перо на г-дин Кирил Самарџиоски му ја врачи премиерот Зоран Заев на Самитот на спортските новинари на Југо- Источна Европа што се одржа во Охрид.
Добитникот на наградата г-дин Кирил Самарџиоски, поранешен долгогодишен директор на Прилепска Пиварница – денес е претседател на Управниот одбор компанијата. Тој со нескриена љубов говори и делува за развојот на спортот, особено на фудбалот. Бил дел од раководствата на спортската прилепска историја во фудбалот (Победа), а компанијата беше дел од спонзорирањето на ракометот во Прилеп. Денеска, Самарџиоски одржува редовни контакти и средби со „пензионираните“фудбалери од Прилеп и Македонија, често вклучувајќи се во хуманитарни акции повторно поврзани со фудбалот.

Неговата позната секвенца поврзана со раздвижувањето на „бубамарата“ во Прилеп е:

„Стадионот е услов над условите за развојот на фудбалот “.

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: