ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Беспрекорен Фестивал на македонската култура и храна во Мелбурн (ГАЛЕРИЈА)

931

Во Мелбурн денеска во организација на MACO (Македонска асоцијација на организациите на заедницата) се одржа официјалниот фестивал на македонската култура за 2018 година во Footscray Park, кој оваа година се одржува седми пат по ред. Фестивалот на македонската културна храна презентираше различни традиционални македонски кујни од различни краеви на татковината, традиции кои се предавани со генерации.

Како и секоја година фестивалот го одржа реномето за широк спектар на продавници кои нудат традиционална македонска храна и слатка задоволства и солено месено, сучено, печено или пак скара, со поддршка на локални мултикултурни заедници и волонтери. Голем број атрактивни анимации беа презентирани за присутните, за кои влезот беше слободен, а забавата траше во текот на целиот ден.

Беа вклучени детски возења, традиционалното народно пеење и танцување од голем број локални танцови групи од Викторија и Нов Јужен Велс, облечени во традиционални македонски народни танцувачки костими.

Настапија традиционалните гајдаџии, македонските културно уметнички друштва: „Илинден“, „Македонски бисер“, „Илинден“, „Душа Балкана“, „Светлост“, „Разиграна Македонка“, „Јане Сандански“, како и естрадните уметници: Благојче Стојаноски – Туше, Димче Стојаноски, Вера Пачешкоска Трајкоска и други.
Собирот посветен на македонската храна и култура го поздрави градоначалникот на Footscray.
Оваа година организаторот на фестивалот соработуваше со индиската, руската и со италијанската заедница за да покаже поширока палета на свечености преку храна, музика, песни и танц.
Погледнете ја галеријата од фотографии:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: