ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (42)

1.117

Пишува Зоран Момироски

  • НЕ СЕ ТОЧНИ ИНФОРМАЦИИТЕ НА ПРИЛЕПСКИ ПОРТАЛИ ДЕКА ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ- ЦАКИО, ИНАКУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ, Е ВЕЌЕ ИЗБРАН ЗА НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ!!! ВИСТИНА Е ДЕКА ТОЈ ТРЕБА ДА ГО ЗАМЕНИ ДОСЕГАШНИОТ КИРЕ СТАНКОСКИ, ШТО Е ОДЛУКА НА  ВЛАДАТА, КАКО МНОЗИНСКИ АКЦИОНЕР ОД  80 ОТСТО ОД КАПИТАЛОТ ВО ОВОЈ ГИГАНТ НА МАКЕДОНСКАТА ТУТУНСКАТА ИНДУСТРИЈА. НО, НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИТЕ, ВЛАДИНИОТ ПРЕДЛОГ ПРЕКУ ЗАСТАПНИКОТ НА КАПИТАЛОТ НЕ Е СТАВЕН НА ДНЕВЕН РЕД ОТИ БИЛЕ ПОДЗАБОРАВЕНИ ПОВЕЌЕ ЗАКОНСКИ И ПРАВНИ НОРМИ И КРИТЕРИУМИ. ЗА ДА НЕ „ЗАГОРИ МАНЏАТА“ УШТЕ ПОВЕЌЕ ШТО ЈА ЗГОТВИЛЕ ОД СКОПЈЕ, УСВОЕНИ  СЕ САМО: ЗАВРШНАТА СМЕТКА, СПОРЕД КОЈА КОМБИНАТОТ ЛАНСКАТА ГОДИНА ЈА ЗАВРШИ СО ДОБИВКА ОД 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА; РАЗГЛЕДАНО Е ПОЗИТИВНОТО МИСЛЕЊЕ ЗА РАБОТАТА НА КОМБИНАТОТ  ОД  МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА, А РАЗРЕШЕНИ СЕ КИРЕ СТАНКОСКИ ОД ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР И ТАТИЈАНА СТЕФАНОСКА ОД ФУНКЦИЈАТА ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР. ТОА МУ ДОАЃА: ЗА ПРИМЕРНО ФИНАНСИСКО ПОВЕДЕНИЕ– НАГРАДА ЕДИНИЦА!!! НО,КАКО И ДА Е, КИРЕ СТАНКО СИ ЈА ЗАВРШИ СВОЈАТА ПРОФЕСИОНАЛНА И ЖИВОТНА КАРИЕРА. ДАЛИ РАБОТЕЛ ЧЕСНО – НЕЗНАМ. ИМА НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ НЕКА ИСТРАЖАТ И НЕКА КАЖАТ. ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО ИЗБОРОТ НА НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР, СЕГА ВО РОК ОД 8 ДО 15 ДЕНА ТРЕБА ДА СЕ ЗАКАЖЕ ПРОДОЛЖЕНИЕ НА СЕДНИЦАТА, ДА СЕ ПРЕДЛОЖИ НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР,  А СОБРАНИЕТО ДА ГО ИЗВРШИ  ИЗБОРОТ. ПОРАДИ ТОА, ДО ЗАКОНСКИОТ И ЛЕГИТИМЕН ИЗБОР НА ЦАКИО ЗА ГЕНЕРАЛЕН НА ТУТУНСКИ, ТОЈ РЕШИЛ ДА МОЛЧИ И ДА НЕ ПРИМА ЧЕСТИТКИ ПРЕД ВРЕМЕ.

 

  • НАСКОРО И ОПШТИНА ПРИЛЕП  МОЖНО Е ДА ДОБИЕ НОВ СЕКРЕТАР. БЛИЗУ ДВЕ ГОДИНИ ОД  КАКО БОРЧЕ „ИКЕБАНАТА“ Е ИЗБРАН ЗА ПРВ ЧОВЕК НА ГРАДОТ, А ТЕШКО ЗА ОВАА ПОЗИЦИЈА ДА НАЈДЕ ЛИЧНОСТ КОЈА ШТО ЌЕ МУ ОДГОВОРИ НА НЕГОВИТЕ „ВИСОКИ“ КРИТЕРИУМИ. ПО ПРЕЗЕМАЊЕТО НА ФУНКЦИЈАТА ЗАПОЧНА СО  АЛЕКСАНДАР ТАЛИМЏИОСКИ. ТОЈ БАРАЈЌИ БОКИО ДА НОСИ ОДЛУКИ И РЕШЕНИЈА  СПОРЕД ЗАКОН СИ ДОБИ „КЛОЦА ВО ЗАДНИКОТ“, ПА НА НЕГОВО МЕСТО СЕГА Е „ВЕРНИОТ“ МАРЈАН  МАТРАКОСКИ. АМА НЕОФИЦИЈАЛНО ТОЈ КАКО  ЧОВЕК ОД ДОВЕРБА ТРЕБАЛО ДА ГО ЧУВА СЕКРЕТАРСКОТО МЕСТОТО ЗА НАТАЛИЈА ЧАДАМ. БОКИО ЗАСЕГА  МНОГУ БИЛ ЗАДОВОЛЕН ОД МАТРАКО. ОТИ ОВОЈ ЕПТЕН МУ ГО ПРАВЕЛ  КЕИФОТ. АМА ОНИЕ ОД ПОГОРЕ  „ЗАПНАЛЕ“ НАТАЛИЈА  ДА БИДЕ СЕКРЕТАР НА ОПШТИНАТА. СЕГА, ГРАДОНАЧАЛНИКОВ  ЌЕ ТРЕБА ДА БИРА СПОРЕД ОНАА НАРОДНАТА МЕЃУ ЗМИЈАТА ИЛИ МАГАРЕТО.

 

  • И ДОДЕКА ПРОБЛЕМОТ МУ ВИСИ НА ВРАТОТ И БАРА НАЧИН КАКО ДА ГО РЕШИ ОВОЈ, ЕВЕ ТИ УШТЕ ЕДЕН НОВ  ПОГОЛЕМ ПРОБЛЕМ!!! БРАНКО НЕШКОСКИ РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОРОТ УРБАНИЗАМ , СИ ДАЛ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА!!! ОНИЕ КОИ БОКИ ГИ СМЕТА  ЗА „ЗЛОНАМЕРНИЦИ“ ОТВОРИЛЕ УСТИ И КАЖУВААТ КАКО БРАНКО И БОКИ СЕ ИСПОКАРАЛЕ. ТЕПАЊЕ НЕМАЛО, АМА МЕЃУСЕБНАТА НЕТРПЕЛИВОСТ СИ ТЛЕЕЛА ОД ПООДАМНА. ЕДНИОТ ПРИНЦИПИЕЛЕН ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ СО ТВОРЕЧКА МИСЛА ЗА УРБАНИЗАМ  И  МУЗИКА, А ДРУГИОТ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ СО ТВОРЕЧКА МИСЛА ВО ОРТОПЕДИЈАТА. БОКИО САКАЛ БРАНКО ДА ИГРА КАКО ЌЕ МУ СВИРИ, АМА БРАНКО МУЗИЧАР, ЗНАЕ ШТО Е СВИРЕЊЕ И ШТО Е ИГРАЊЕ. НЕ МОЖЕ НА НЕКОЈ ДА МУ ПУШТАШ РОК МУЗИКА И ТОА НА НАЈСИЛНО,  А ДА ГО ТЕРАШ  ДА ИГРА ОРО ОНАКА  ЕПТЕН НАШЕ МАКЕДОНСКО НАРОДНО. ПРИТИСОЦИТЕ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВРЗ ВРАБОТЕНИ  ОД  УРБАНИЗАМ  БИЛ ТОЛКУ ГОЛЕМ, ШТО ПОКРАЈ НЕШКОСКИ ОД ОВОЈ ОДДЕЛ „ПАТОТ СИ ГО ФАЌАЛЕ ИЛИ ЌЕ СИ ГО ФАТАТ“ И ДРУГИ СЛУЖБЕНИЦИ. НЕОФИЦИЈАЛНО И ТОНИ ЃОРЃИЕСКИ ДИРЕКТОРОТ НА „ЕНЕРГО – ПРИЛЕП“  ЧОВЕК – ФИРМА, РЕШИЛ ДА ГО НАПУШТИ БРОДОТ И НАВОДНО СИ ПОДНЕСОЛ ОСТАВКА. ИНАКУ, ОВА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ИЗМИНАТИВЕ ТРИ МЕСЕЦИ ИМА ПОТРОШЕНО 350.000 ДЕНАРИ ЗА ПЛАТИ ЗА ДИРЕКТОРОТ И ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОГО НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО.

 

  • КАКО „КОКТЕЛ ПАРТИЈА“ МИНАЛА И СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ НА ГРАДОТ. СЕДНАЛЕ СОВЕТНИЦИТЕ ЗА ДА ГИ РАЗГЛЕДААТ  ТРИМЕСЕЧНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ НА ЈКП. ИГОР ГУЛАБОСКИ, ЈАС ГО ВИКАМ ПЛАЧКОТО, ТИ НЕМАЛ ПЛАНИРАНО НИТУ ЕДНА КАПИТАЛНА ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ГРАДОТ, САМО ТЕКОВНО ОДРЖУВАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ. БИДЕЈЌИ, СЕ ЕПТЕН БЛИСКИ ДРУГАРЧИЊА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, НЕГО И „ПЕТЛИТЕ МУ НЕСАТ ЈАЈЦА“ И НИКОЈ НЕ БАРА ТАКВА ГОЛЕМА И СЕРИОЗНА АКЦИЈА. ЛАНИ КОГА КВИЧЕШЕ И ПЛАЧЕШЕ ЗА СТРУЈА ПОТРОШИ 10,8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ. ШТО Е МНОГУ, НАВИСТИНА Е МНОГУ. АМА ОТКАКО ИСКВАЧИ И ИСПЛАЧИ СУБВЕНЦИИ ОД ДРЖАВАТА ВО МИНАТИВЕ ТРИ МЕСЕЦИ СИ ПОТРОШИЛ  2,1 МИЛИОНИ ДЕНАРИ. И ПАК СИ ПРОДОЛЖУВА ДА СИ ПЛАЧИ. И РУБИН АБРАШОСКИ ОД ЈКП КОМУНАЛЕЦ СО СВОЈ ПРОБЛЕМ.  АДМИНИСТРАЦИЈА ИМА КОЛКУ ТИ ДУША САКА, АМА РАБОТНИЦИ МНОГУ ТЕШКО. АБРАШО СЕ ЛУТЕЛ И СЕ ЖАЛАЛ НА ВРЕМЕТО. ЕПТЕН ВРНЕЛО И ЗАТОА ТИ ИМАЛО МНОГУ ГОЛЕМА ТРЕВА.

 

  • ОВИЕ ПАК ОД СДСМ ПО ЧЕТИРИ И МЕСЕЦИ СПИЕЊЕ СЕГА ИМ ТЕКНА ДА СЕ РАЗБУДАТ И ТИ ЗЕЛЕ ГУМЕН КРОКОДИЛ. ГО НАДУЛЕ И ГО ПУШТИЛЕ ВО ГРАДСКАТА РЕКА, САКАЈЌИ ДА МУ КАЖАТ: ЕВЕ И КРОКОДИЛИ ЌЕ ПОЧНАТ ВО РЕКАТА ДА ЖИВЕАТ. ДОБРО, ГО РАЗБИРАМ РУБИН ДЕКА ИМА СЕ’ САМО РАБОТНИЦИ НЕМА. ГИ РАЗБИРАМ И И ОВИЕ ОД СДСМ СО КРОКОДИЛОТ. САКАМ НЕШТО ДА ПРАШАМ: А БЕ, ДАЛИ СТЕ ГИ ПРАШАЛЕ ОВИЕ „КРЕМЧИЊАВА“ И ОД ВМРО-ДПМНЕ И ОД СДСМ  КОИ РЕКРЕИРААТ ПО ПАРКОВИВЕ ШТО НЕ ВИ КАЖАТ ДЕКА НАСКОРО И ЗМИИ ЌЕ ГЛЕДАМЕ И ВО ПАРКОВИТЕ И ПО УЛИЦИТЕ НА ГРАДОВ?! ЗАТОА ВИ ПРЕДЛАГАМ НАПРАВЕТЕ ЕДНА ПАРОДИЈА СО ГУМЕНИ ЗМИИ ПО ОВИЕ НАШИ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ!!! А СЛЕДНИОТ ГОЛЕМ ДОЖД ПУШТЕТЕ БРОДЧИЊА ПО УЛИЦИТЕ КАДЕ ШТО ГРАДСКАТА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА СЕ ИЗЛЕВА И УЛИЦИ ПОПЛАВУВА.

 

  • ДАЛИ ОВАА ГОДИНА ПРИЛЕП ЌЕ ИМА ПИВО ФЕСТ- ОДГОВОРОТ ВРЕДИ МИЛИОН ДОЛАРИ!!! НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА РЕГИОНАЛНАТА СТОПАНСКА КОМОРА ПОКРАЈ СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ ПРИСУСТВУВАЛ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. ЧОВЕКОТ ПОБАРАЛ ПАРИЧНА ПОМОШ И ПОДДРШКА ОД ОКОЛУ 150.000 ЕВРА. ПРИЛЕПСКИТЕ  БИЗНИСМЕНИ ВНИМАТЕЛНО ГО ИСЛУШАЛЕ, А ПОТОА ЕДНОГЛАСНО МУ РЕКЛЕ ДЕКА ГОДИНАВА ПАРИ ЗА ПИВО ФЕСТ НЕ ДАВААТ. НИВНИОТ СТАВ ГО ОБРАЗЛОЖИЛЕ СО ЛАНСКИОТ ПИВО ФЕСТ, КОЈ СПОРЕД НИВ, БИЛ ЕДЕН ОД НАЈЛОШО ОРГАНИЗИРАНИТЕ КОИ ГИ ПОЗНАВА И ПРИЛЕП И ГОСТИТЕ ОД  ДРУГИТЕ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА. ИМАЛО МНОГУ ЗАБЕЛЕШКИ И НА ЕСТРАДНИТЕ УМЕТНИЦИ ШТО ПОДРАЗБИРА НА ПЕЈАЧИТЕ И МУЗИКАТА  КОЈА ШТО БИЛА ПРЕЗЕНТИРАНА. ЗА ТАКОВ ПИВО ФЕСТ, КОЈ СПОРЕД МНОГУМИНА ОД ГАЗДИТЕ И ДИРЕКТОРИТЕ НА ФИРМИТЕ, ЛИЧЕЛ НА ПАНАЃУР, НЕ НА ФЕСТИВАЛ – ПАРИ НЕ ДАВААТ. ОВА МНОГУ ГО НАЛУТИЛО БОРЧЕ, ПА ГИ ПРЕДУПРЕДИЛ ДЕКА ЗА НИВ И НИВНИТЕ ФИРМИ ЌЕ БИЛО ЛОШО КОГА НОВИНАРИТЕ ЌЕ РАЗБЕРЕЛЕ ДЕКА ОПШТИНАТА НЕМА ПОДДРШКА ОД БИЗНИСОТ ЗА ПИВО ФЕСТ. А ТИЕ, ТОЛКУ СЕ УПЛАШИЛЕ ШТО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД НИВ ПОБАРАЛЕ БАЈАЧКИ ДА МУ БААТ ОД УПЛАВ!!!

 

  • ЕДЕН МОЈ БЛИЗОК МИ ВЕЛИ: ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ – МУЦЕТО, МЕНТОРОТ НА СЕГАШНИОВ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ,  МНОГУ ТИ Е ЛУТ. СИ ПИШУВАЛ ПРОТИВ НЕГО, ДУРИ СО ЗАКАНУВАЧКИ ГЛАС МИ ПРАТИЛ ПОРАКА ДА НЕ „ЈАДАМ МНОГУ ГО..А !!!“ ДОБРО, ТАКА МИСЛИ МУЦЕТО – ТАКА ВЕЛИ. ЈАС НИТУ СЕ ЛУТАМ, НИТУ ТАКА РЕАГИРАМ. АМА СЕГА САКАМ ЈАВНО ДА ПРАШАМ: АЈДЕ ШТО ПИШУВАМ, ЕТЕ ЈАС СИ ПИШУВАМ, ОСТАВАМ НАРОДОТ НЕКА СУДИ. АМА ЕВЕ – ДОЈДЕ РЕД ЗА ЈОВАНОСКИ ДА ПИШУВА И ОБВИНИТЕЛСТВОТО. ПА ПРАШУВАМ: СЕГА И ТОА Е СУБЈЕКТИВНО И ЈАДИ ГО..А?! ОД ТАМУ ТИЕ ВЕЛАТ ДЕКА ПО ПОДНЕСЕНА ПРИЈАВА ОД ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА – ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА ОФОРМЕН Е ОБВИНИТЕЛЕН ПРЕДЛОГ ЗА НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ. СТАНУВА ЗБОР ЗА ЦЕЛОСНО УНИШТЕН НОВО ИЗГРАДЕН ОБЈЕКТ- УЧИЛИШТЕ „СТОЧЕН ПАЗАР“, ЧИЈА ВРЕДНОСТ  Е 10 МИЛИОНИ ДЕНАРИ. ТОА СЕ НАРОДНИ-БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ВО ОВОЈ ОБЈЕКТ, КОЈ Е ИЗГРАДЕН КАКО ПОТРЕБА И БАРАЊЕ НА ЖИТЕЛИТЕ ОД ОВАА НАСЕЛБА, А БЕШЕ  ДЕЛ ОД ПРЕДИЗБОРНОТО ВЕТУВАЊЕ НА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ. ВО УЧИЛИШТЕТО  ТРЕБАШЕ ДА УЧАТ 170 ДЕЦА ОД НАСЕЛБАТА И ТОА ДО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ. НО, КАКО СОВЕСЕН И ОДГОВОРЕН ПРЕД СЕ’ ДОКТОР, А ПОТОА И КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК, ЈОВАНОСКИ УБЕДУВАШЕ И УВЕРУВАШЕ ДЕКА ЛОКАЦИЈАТА НА ОБЈЕКТОТ НЕ Е СООДВЕТНА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ДЕЦАТА. НО, ТОА СИГУРНО НА НИКОЈ НЕ МУ ДАВА ЗА ПРАВО ЕДЕН ВАКОВ ОБЈЕКТ ДА ГО ПРЕПУШТИ САМ НА СЕБЕ. КОЛКУ СЕ СЕЌАВАМ, ДУРИ И ЖИТЕЛИТЕ ОД ОВАА НАСЕЛБА БАРАА ЗГРАДАТА ДА НЕ СЕ ПУСТОШИ И РУИНИРА, ТУКУ ДА МУ СЕ ПРЕПУШТИ НА КОРИСТЕЊЕ КАКО ДОМ, ВО КОЈ ЌЕ СЕ СОБИРААТ И ЌЕ ИМААТ СООДВЕТНИ МЕСНИ АКТИВНОСТИ. НО, СО ТОА И ЌЕ СЕ ГРИЖАТ ЗА ЗГРАДАТА. ЗОШТО НЕ СЕ ПРЕЗЕДОА СООДВЕТНИ МЕРКИ – НЕЗНАМ! ЗОШТО НЕ СЕ НАПРАВИ ПРИСТАПЕН ПАТ ДО УЧИЛИШТЕТО – И ТОА НЕЗНАМ! АМА ЗНАМ ДЕКА ТОА БЕШЕ ИЗГРАДЕНО НАМЕНСКИ, А НЕ ДА БИДЕ УНИШТЕНО. ПАТЕМ, ДА ПОТСЕТАМ: НИКОМУ НЕ МУ ПОМИСЛУВАМ И НЕ МУ ПОСАКУВАМ, АМА КОЛКУ ШТО ЗНАМ, НА ЈОВАНОСКИ МУ „ВИСИ“ УШТЕ ЕДНА КВАЛИТЕТНО НАПИШАНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД ПОЛИЦИЈАТА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА КАКО В.Д. ДИРЕКТОР НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ПРЕД ДА БИДЕ ИЗБРАН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК. ДА ПРАШАМ: И ТИЕ ШТО ГИ ПИШУВААТ ПРИЈАВИВЕ ЈАДАТ КАКО МЕНЕ ГО..А!!!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: