ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Денеска во странство во ДКП-та или конзуларни канцеларии гласаат 2.569 избирачи

110

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии денеска, 23 април, од 7 до 19 часот по локално време, гласање за претседателските избори  во Македонија се спроведува во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117, Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.

Дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица гласаат денеска,  23 април. Гласањето за претседател почна со членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората. Во посебниот извод од Избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијапората.

Другите наши граѓани кои живеат во странство, своето право на глас ќе можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи.

Гласањето на седмите претседателски избори треба да се спроведе на 3.480 избирачки места во државата, но на 120 избирачки места има помалку од десет гласачи кои се упатени правото на глас да го остварат во најблиското избирачко место.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе