ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Протест на вработените во прилепскиот затвор

104

Вработените, затворските полицајци од КПУ Прилеп денеска пред затворска капија  одржаа мирен двочасовен протест. Причина е, како што велат,  тешките услови за работа во затворот по преместувањето во оваа казнено поправна установа на затвореници од висок ризик од Идризово. Ниту инфраструктурно, ниту кадровски велат дека не можат да ги издржат новите услови кои се крајно тешки :

„Затворот Прилеп во кој  се распределени затвореници кои се извршители на потешки кривични дела не е затвор кој исполнува ниту инфраструктурни, ниту пак кадровски е екипиран за да може да прифати ваков тип на затвореници, Владимир Лотовски, претставник на Независниот синдикат на полицијата,“ вели Владимир Лотовски, претставник на Независниот синдикат на полицијата.

Се обратиле до Управата за извршување на санкции и разговарале со директорот на затворот за ситуацијата. Немаат соодветни одговори за решавање на ситуацијата.

„Затворен систем значи ќелиски систем. Се додека не се направи тоа ние немаме физички услови за тоа. Поради местоположбата затворот излегува на два патишта, немаме тампон зона и немаме можност да ги обезбедиме овие луѓе,“ вели Саше Пулески, претседател на Независниот синдикат на КПУ Прилеп.

Во моментов во прилепскиот затвор има 54 вработени затворски полицајци, иако тој број требало да биде барем двојно поголем. Недоволната опременост е исто така голем проблем и вработените стравуваат за сопствена безбедност заради честите инциденти меѓу 125 затвореници.

Протестите, најавуваат од Синдикатот ќе продолжат секој ден од 12 до 14 часот се’ до исполнување на барањата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: