11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Пивофест 2019 нуди и алтернатива со Јавен простор и Рум 313

Пивофест оваа година се збогатува со нови содржини кои треба да ги освежат веќе традиционалните. Многу забава ветуваат организаторите на двете сцени кај градскиот саат и на камената бина. Што може да се очекува разговараме со Александар Митрикески од организацијата Рум 313.

Радио Пела: За прв пат Јавен простор и Организација Рум 313 се вклучуваат со алтернативна сцена за Пивофест, која е идејата?
– Овогодишната организација, освен главната програма, ќе има уште две музичко-креативни сцени. Сцената на Јавен простор Прилеп, лоцирана под градската Саат-кула, ќе понуди програма богата со различни современи музички жанрови (world music, џез) и ќе се одвива истовремено со главната програма. Таму ќе биде поставен и креативниот прилепски пазар и саботниот книжевен саем на Восток.И Алтернативна сцена на промотерската асоцијација „Room 313“ . Идејата е да се опфати публиката на која и се допаѓа поразлична музичка естетика. На овој начин го овозможуваме тоа.
Радио Пела: Интересни и богати содржини, за која публика се наменети?
– Токму така, и на двете алтернативни сцени има интересна програма која предизвика интерес кај публика која има поразлични фестивалски очекувања. Тука сакаме и да ја истакнеме оваа култура која можеби ќе се допадне кај посетители кои претходно немале можност да присуствуваат на ваква програма. Популарноста и масовниот одѕив кој овој фестивал го поседува е идеален момент да се промовира алтернативната култура. На камената бина, низ 4те фестивалски денови ќе промовираме 4 различни жанрови на електронска музика, тек-хаус, хаус, техно и драм енд бејз, соодветно. Свој диџеј сет ќе имаат истакнати македонски артисти од електронската алтернативна сцена, но имаме и доста локални артисти кои вреди да се слушнат. Профилите на учесниците ги имаме објавено во настанот, под табот за дискусии. https://www.facebook.com/events/494908207932944/

Радио Пела: Во кој период од деновите ќе се одвиваат планираните активности?
Сцената на Јавен Простор Прилеп ќе се одвива паралелно со главната програма на фестивалот, со почеток од 21 часот до 1 часот по полноќ. После тоа се активира алтернативната програма на Room 313, на камената бина, која ќе трае до утринските часови.
Имаме и сценски изненадувања, кои верувам ќе остават импресии кај посетителите.
Ги поканувам сите кои се во можност да го посетат Пиво Фест, оваа година има програма и забавни активности на кои секој би можел да ужива, вели Александар Митрикески, од Рум 313.


Покрај музичките настапи, планиран е и пазар на дребулии и сувенири, природни козметички препарати, но и вклучување на градските фризерски студија за време на 4те фестивалски денови, многу изненадувања и што е најважно забава и другарување.

Би можело да ве интересира

Во чест на празникот доделeни престижните Третоноемвриски награди на град Прилеп

Пела Редакција

Крушево рај за авантуристите (ФОТО – ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Водата во селото Плетвар не е здравствено исправна

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе