18.3 C
Прилеп
понеделник, 12 мај, 2025
Пела Радио

Моторџија од Прилеп заврши во болница со тешки повреди

На регионалниот пат Прилеп – Крушево, вчера напладне 46-годишен прилепчанец, со иницијали Е.Р., управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот.
Според полицијата, сообраќајката се случила во 12.55 часот. кога прилепскиот моторџија, управувајќи мотоцикл „фости” со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Како што соопшти МВР, во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Приведени тројца крадци од Прилеп, одземеното, вратено на сопствениците.

Пела Редакција

Казнети 72 возачи во Прилеп – полицијата апелира да се вози прописно

Пела Редакција

Се степале пред кафеана, полицијата ги приведе

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе