ИМАМЕ СО ШТО ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ!
Таа ја заврши најпрестижната ултра маратонска трка во светот Ultra Trail du Mont Blanc – UTMB во должина од 170 КМ за 42:13:31(42 часа 13 минути и 31 секунда) со што се пласираше на 904-то место , од вкупно 2600 натпреварувачи.
Ова е една од најсуровите планински трки и се смета за неофицијално светско првенство во планинското трчање.
Мери Мирческа е најреноминирана натпреварувачка во женска конкуренција во планинско трчање во Македонија, според светската организација ITRA и втора Македонка која успеала да ја заврши оваа престижна трка, од светски ранг.
Нејзиниот жиовот е планината ,трката…
- 2019 – Второ место на трката Крали Марко Ултра Треил 90К 4300D+ 15:29:52
- Прво место во годинешната планинската трка „Титов Врв Скајрејс“
- Злато за Мери Мирческа (1:09:33) на Chupino Winter Vertical 2019,јануари
- 2016- прво место во женска конкуренција на Шарпланински Скајрејс во должина од 33км и 2600д+
- 2016 второ место на Крали Марко Треилс 2016
- „По патеките на Крали Марко 2017“….. Има уште многу ,многу за набројување!..ИМАМЕ СО ШТО ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ!
Мото: “Правилниот биоритам е клучен за мојот успех“
Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп