7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ГОРАН ПОПОСКИ – камерман – монтажер, фотограф –  Предлог бр.10 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември“ – Со силата на камерата и објективот

СО СИЛАТА НА КАМЕРАТА И ОБЈЕКТИВОТ 

Се одликува со скромност, смиреност, преицизност и младелачи шарм. Тивко ќе помине покрај Вас и можеби незабележително. Но, со силата на својата камера и преку својот објекти прави  „чуда“ кои се исконски. Тој е сега на I  година студии, бруцош,  на Универзитетот на аудиовизуелни уметности ESRA во Скопје. Но,  како долгогодишен активен член на Фото клубот Прилеп,  ги учеше и црпеше знаењата од искусните и подобри мајстори на кaмерата.

Научи дека објективот е светост, а објектот – икона, која треба да се гледа со почит, бидејќи во спротивно нема добар кадар, нема добар филм.

Започна, случајно, би рекле по стапките на неговиот татко, но талентот надограден со знаење и мотивација направија неговите кусометражни документарни  филмови да бидат наградувани на најстариот филмски фестивал во Македонија ФФК  „Милтон Манаки“ .

Неговите документарни филмови, од Прилеп : “Ковач” 2015, “Aх!” 2016, “Зр, Зр” 2017 и “Мечкари” 2018, освоиа многу награди, како што се Златна “Камера 300”, Плакета за најдобра режија, Плакета за најдобра камера, од ФАДФ Браќа Манаки (Фестивал на Аматерскиот Документарен Филм) и награди од ДФНФ (Државен Фестивал на Непрофесионален Филм) каде добива Бронзена плакета за документарен филм,  Сребрена плакета за документарен филм и плакета за најдобра монтажа..

 

Сите овие филмови младиот Попоски му ги посветил на Прилеп , на неговиот роден град, на животот и луѓето во него, на културно историските споменици,  на богатата традцијата  и обичаи и оставил траен белег за еден поинаков Прилеп.  Филмовите на Горан Попоски се прикажувани  на повеќе филмски фестивали , во повеќе држави во Европа: Чешка, Словенија, Русија, Велика Британија, Италија, Холандија и Германија , а  преку нив и афирмацијата за Прилеп и прилепско.

 

 

Мото: „Запознајте ја фотографија за да ја научете кинематографијата!„

СРЕЌНО МОМЧЕ ! ЕДУЦИРАЈ СЕ ТЕМЕЛНО И ДОКУМЕНТИРАЈ ГИ УБАВИНИТЕ НА ТВОЈОТ ГРАД!

 

 

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп

Би можело да ве интересира

(Посхумно) АЛЕКСАНДАР ДВОРАЧАНЕЦ САЛЕ – блуз музичар – Предлог бр.9 на Радио Пела, за најпрестижната општинска  награда “3-ти Ноември  – Блузер до крај

Елизабета Филипоска

БИЛЈАНА ЈУРУКОВСКИ –  фотограф –  Предлог бр.3 на Радио Пела, за најпрестижната општинска  награда “3-ти Ноември„ СВЕТСКО А НАШЕ!

Елизабета Филипоска

ИРЕНА ЈАКИМОСКА –  бизнисмен, хуманист – Предлог бр. 11 на Радио Пела за општинска награда “3-ти Ноември“  – Жена бренд

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе