8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

(Посхумно) АЛЕКСАНДАР ДВОРАЧАНЕЦ САЛЕ – блуз музичар – Предлог бр.9 на Радио Пела, за најпрестижната општинска  награда “3-ти Ноември  – Блузер до крај

        БЛУЗЕР ДО КРАЈ !!!

Со  ведар дух и секогаш насмеано лице музичката сцена минатата година останаа без фронтменот и мајстор на усна хармоника од познатиот прилепски блуз бенд “Crossroad Blues Band”, Александар Дворчанец- Сале. Човекот кој го сакаше блузот и живееше за него и преку блуз музиката го промовираше својот град, бидејќи блуз бендот, беше поканувам и патуваше секаде низ Европа.

Тој остави трага во музичкиот свет, која ќе ја паметат вљубениците на блузот, не само во Македонија, туку и на Балканот, заради неговата оригиналност, посветеност и вљубеност во она што го работше.  За Сале блузот беше начин на размислување, стил на  живење , а  македонската реплика на блуз музиката, можност за музчичко изразување.

Уживателите на добрата блуз музика и на свирките во живо, сигурно вечно ќе го памета како човек кој со неговиот бенд Crossroad Blues Band, имале можност да присуствуваат и да уживаат на одлични журки и одлична хармонија што овој блуз вокалист, ја имаше со публиката. Дваесетгодишната блуз идеологија , Александар Дворачанец-  Сале ја преточи во три студиски албуми: Tutun Blues,Still living the blues, Градско дете,чии заеднички иментил им е македонскиот јазик или блузот на македонски јазик. Неодмна „Кросроуд Блуз Бенд“ и Сале го отвора Blues & Soul Festival 2018, во Скопје, а патуваа низ сите држави на Балканот и Европа пренесувајќи го ритамот на македонски блуз.

 

 

Вечно замина човекот кој живееше за блузот

Почивај во мир БЛУЗЕРУ ! 

 

 

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп

Би можело да ве интересира

13 -сет Величенствени

Елизабета Филипоска

ГОРАН ПОПОСКИ – камерман – монтажер, фотограф –  Предлог бр.10 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември“ – Со силата на камерата и објективот

Елизабета Филипоска

ГОРДАНА ЦВЕТАНОСКА – оснивач на единственото рурално радио, Радио Пела – Предлог бр.8 за можно добивање на „3-то Ноемвриска“ награда како  жена-новинар, која го создаде единственото рурално радио, РАДИО ПЕЛА, создаде нов електорнски информативен медиум во срцето на Пелагонија  

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе