18.3 C
Прилеп
понеделник, 12 мај, 2025
Пела Радио

Тројца натпреварувачи – три медали за ЏК Сеишин

ЏК Сеишин – Прилеп  (02.02.2020) учествувајќи на Меѓународенот Турнир во џудо, „Алексинац 2020“ во Србија, во Алексинац , се закти со нови медали .

Тие со тројца учесници на турнирот, донесоа три медали . Тројцата натпреварувачите, во кадетска конкуренција членови на ЏК Сеишин, освоија  три бронзени медали:  Ема Димитриоска во категоријата до 48 кг. 3 – то место,  Леона Настоска во категоријата до  63 кг. , 3 – то место и трето место за Антонио Талески во категоријата до 73 кг.

 

Екипата ја предводеа тренерите и национални судии Менде Илиоски и Благојче Митрески, кои при оваа прилика со свои колеги од Србија и регионот, договорија идни активности за соработка и дополнителна стручна надградба за покавлитетен развој на џудото во регионот.

Меѓународен Турнир во џудо “Алексинац 2020” беше масовен.  Учествуваа близу 300 натпреварувачи, од 38 клубови, од 8 држави.

 

Би можело да ве интересира

Прв контролен натпревар на ФК Победа

На „Могила„ Светски Куп во летови (натпревари) со дронови

Елизабета Филипоска

Прилепските млади џудисти со голем број освоени медали од првенството во Кавадарци

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе