0.3 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

Одбележан Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура

Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп и оваа година, како и претходната, со низа активности го одбележа Меѓународниот ден за поддршка на жртви од тортура. Денот беше одбележан со присуство на членови на оваа организација во центарот на градот каде делеа флаери од проектот и во средбите со граѓаните го промовираа својот проект. Во рамките на одбележувањето имаше работна средба со претставнци на јавни претпријатија и бизнис секторот на која се разговараше за поддршката на лицата на кои им е потребна помош, а посебно на лицата кои биле во затвор и кои се во процес на ресоцијализација. Од одбележувањето на Меѓународниот ден за поддршка на жртви од тортура впечатливо беше прикажување на филмот  „Сеќавање – искуства на жртвите на тортура“ кој е продукт на партнерот на Центар за граѓанска иницијатива  ИАН од Белград.

Овие активноси се во рамките на проектот „Сеопфатна акција против тортура“.

Имено Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, со партнерите од Србија: ИАН – Белград и Центар за човекови права – Ниш работи на реализација на проектот„Сеопфатна акција против тортура“ поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Република Србија со кој, има за цел,  да придонесе за ефикасно спречување на тортура, борба против неказнивост и заздравување од последиците од тортурата на Балканот.

Би можело да ве интересира

Јакнење на малцинствата и специфични групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедница II фаза

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Најмладите прилепски новинари во посета на Радио Пела

Пела Редакција

Работилница за зајакнување на капацитетите на медиумската писменост

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе