5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

(Видео) Земјоделското земјиште е наше национално богатство и не смее да се продава

Распродажба или продажба на државно земјоделско земјиште, јавно и гласно говори Марина Тошеска, од тимот на ЛАГ Агро Лидер, за предизвиците и ризиците кој ги носи Предлог законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственот.

“Земјоделското земјиште во државна сопственост преставува многу повеќе од земјиште за земјоделско производство – тоа е наше национално богатство и наша иднина! И, треба добро да се размисли пред да се преземат чекори за продажба. Ваков легален грабеж за земјоделско земјиште и распродажба имаше во ЕУ,во Романија која е пример на негативните последици од овој закон врз локалното земјоделско население. Околу 500 илијади хектари на земјиштето во Романија сега е во рацете на само 100 сопственици, додека малите земјоделски стопанства угинуваа и беа принудени да работат на туѓа земја која предходно тие ја обработувале„- вели Марина Тошеска, од тимот на ЛАГ Агро Лидер (2:15мин)

„Ваквиот начин на носење на Закон каде што не се целосно заштитени правата и не им е дадена можност на локалните земјоделски производители, семејните земјоделски стопанства, да го обработуваат земјиштето во државна сопственот, ќе доведе да се најдеме во ситуација како што е Романија. Самиот начин на давање на земјиште под концесија е добар начин и не гледам зошто е потребно да се пристапи кон продажба на државното земјоделско земјиште. Се вели дека со носењето на овој Закон ќе се зашите земјодлецот и ќе се придонесе кон развој на земјоделијето, меѓутоа не знам како со продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост да се постигне оваа цел „(3:05 мин)

Нашите земјоделци според месечните приходи кои ги остваруваат се не моќни да купат земјиште …(5:35 мин)…Продажбата на земјоделското земјиште и пренесувањето на земјата на друг инвеститор што е далеку од локалната заедница, го загрозува обезбедувањето на храна, го загрозува биодиверзитетот, животната средина, бидејќи ние не можеме да му наложиме на инвеститорот каква култура да сади, кој ѓубрива, песцистиди да ги користи итн, и затоа велам дека вака законот може негативно да влијае на животната средина, на социјлната благосостојба на локалниот земјоделец… Со ваквиот закон би го загрозиле, пред се, производството на храна (12:45)

Повеќе на оваа тема , за ставот и мислењето на невладината ЛАГ АГРО ЛИДЕР, во продолжение погледнете го целиот разговор:

Би можело да ве интересира

Човек пред времето

Елизабета Филипоска

ЈКП Водовод и канализација Прилеп во центар на интересот

Гордана Цветаноска

(видео и фото) Меѓународен ден на музеите и Европска ноќ на музеи

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе