7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Безусловен почеток на преговорите со ЕУ во јуни порача Мицкоски од Прилеп

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Прилеп упати апел до ЕУ да ја почитуваа Македонија која не бара милостиња ,туку тоа го заслужува, и да дозволи преговори во јуни „Македонија треба да си го добие тоа што е, а тоа е безусловен почеток на преговорите со ЕУ, и тоа теба да се случи сега, во јуни .„ рече тој

Мицкоски додаде дека Република Македонија е една од земјите која што направила најголем број отстапки и доживеала незаслужени понижувања во однос на националниот идентитет и токму поради тоа Европската унија треба да има в предвид дека нашата држава заслужува членство во ЕУ ден поскоро. „Ваквиот став на ВМРО-ДПМНЕ треба да го знаат сите во администрацијата во Брисел, како и Европскиот совет„, додаде Мицкоски.

-Доколку Владата на Република Македонија изминатите неколку години работеше на вистински реформи во врска со правосудството, здравството, образованието, економијата, тогаш Република Македонија ќе имаше уште поголем број аргументи на своја страна во преговорите со ЕУ. Поради тоа што Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ ја урниса државата и ги клекна на колена образованието, здравството, економијата и целото општество, сега притисокот е директно врз нив и од нив се очекува да престанат со националната распродажба и расфрлањето на историјата на Република Македонија, вели Мицкоски.

Мицкоски од Прилеп му порача на Зоран Заев да не си поигрува со идентитетот на граѓаните на Република Македонија и да не се обидува повторно да потпишува договори и преговори во кои во било каква реченица ќе се негира македонскиот идентитет и постоењето на македонската историја, бидејќи тогаш капитулацијата ќе биде дефинитивно потпишана, а оттука враќање нема.

-Владата која што ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да почитува вакви договори, тоа нека го знаат и бугарските власти. Ако е потребно, Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ еднострано ќе го напушти таквиот договор, без разлика на политичките реперкусии врз мене лично или врз ВМРО-ДПМНЕ. Ние нема да прифатиме отстапување на никакви дополнителни национални концесии, ВМРО-ДПМНЕ е дециден во однос на ваквиот став, потенцира Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Локвенец „Граѓаните на Прилеп се сплотија и достоинствено ги прославија историските успеси за државата„

Елизабета Филипоска

Максим Димитриевски од ЗНАМ: ПОМАЛКУ ПРАТЕНИЦИ, ДА НЕМА АПАНАЖА, ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ДА ГО ПРЕДЛАГА ОПОЗИЦИЈАТА

Пела Редакција

Талевски: На ред е прочистување на правосудството од корумпираните судии и обвинители

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе