Нека оваа година биде година на спортот. По 45-дневен одмор, Победа вчера ги стартуваше подготовките со прволигашки амбиции. На вчерашнасо прозивката и првиот тренинг и официјално фудбалерите на Победа ги започна подготовките за новата сезона во првенството на Втората лига-Исток.

На прозивката и тренингот присутни беа 29 фудбалери. Од ланскиот состав за новата сезона не се на располагање Благојче Дамевски, кој ја заврши играчката кариера, и двајцата кои го напуштија клубот Дарко Грозданоски (истече 6-месечниот договор) и Христијан Каралиоски. Од првиот ден со екипата се 3-цата “новајлии“: Бојан Спиркоски, Дарко Дигаловски и Игор Момировски, а со првиот тим приклучени се и неколку играчи од младинската школа. Се очекува во следниве денови екипата дополнително да биде засилена со уште 1-2 нови играчи.

Инаку, на прозивката и привот тренинг беа присутни: Котевски, Столевски, Маркоски, Аљакоски(голмани), Бошески, Димитријески, Петкоски, Петроски, Стомнароски, Дунимаглоски, Ангелески, Јошески, Митрески, Неделков, Ф. Спиркоски, С.Спиркоски, Кисески-Илијоски, Најдов, Белески, Дебрешлиоски, Дигаловски, Б.Спиркоски, Момироски, Поп-Антоски, Јосифоски, Јакопетрески, Тодороски, Тасески. Оправдано отсутен беше Алимоски, кој се приклучи на денешниот тренинг.

За оваа сезона клупското раководство се ангажира за обезбедување на адекватен буџет и услови за екипата за исполнување на зацртаната цел. Претседателот, Емил Јанески и Шефот на Стручниот штаб, Дарко Крстески, на првата средба со фудбалерите потенцираа дека со самиот факт што екипата ќе игра на Градскиот стадион “Гоце Делчев“, во подобри услови и со подобри можности, амбициите на клубот треба да бидат атак на првото место и пласман на Победа во Првата лига. Јанески стави до знаење дека споредбено со останатите второлигаши , Победа оваа сезона ја интересира само освојувањето на 1-то место. Наводно, пројавен е интерес на прилепските стопански субјекти за финансиска помош на клубот преку поставување на реклами паноа на стадионот со пто ќе се придонесат прилепската гордост да има стабилна финансиска конструкција, а и самиот објект би добил далеку поубав лик.


Инаку, по повеќе од 5 години, во новата сезона Победа конечно се враќа во својот дом-на Градскиот стадион “Гоце Делчев“ (последниот меч со Велазерими одигран беше на 15 мај 2016 година).

Тука, на стадионот, несомнено фудбалерите ќе имаат далеку подобри услови за игра, а со ублажените мерки се очекува и враќање на трибините на навивачите на Победа и сите љубители на фудбалот. Во подготвителниот период досега се договорени 4 контролни натпревари во Прилеп: на 10-ти јули средба Победа-Детонит: 17-ти јули, Победа-Братство, на 1-ви август, Победа-Вардар и на 7-ми август, Победа-Охрид. До стартот на новото пренство на Втората лига-Исток- на 21-ви август, се планира одигрување на уште неколку контролни натпревари.
Содржината и фотографиите преземени од официјалната фејсбук страна на клубот!