Тереснката вакцинација започна,но и вакцинацијата без закажан термин. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани биле вкупно 428.081 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.413 граѓани, а вкупно се вакцинирале 9.335 граѓани. Досега во државата се аплицирани 676.620 дози вакцини, а ревакцинирани се 248.539 граѓани, соопштуваат од Министерството за здравство.
Во соопштението се наведува дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Граѓаните од Прилеп и околините села , што треба да се ревакцинираат, тоа треба да го сторат во спортските сала на СОУ Ѓорче Петров-Прилеп. Лицата кои сакаат да се вакцинираат можат тоа да го направат без закажан термин во пункт за вакцинација од .

Паралелно со ова, се одвива и теренска вакцинација, односно медицински тимови одат во руралните средини и ги вакцинираат жителите. Медицинските тимови започнаа да делуваат од вчера, 12 јули,денеска 13,јули , а утре ќе бидат во следните населени места: Волково, Прилепец, Селце,Плетвар,Оревоец ,Крстец ,Лениште ,Присад Дрен,Смолани,Беловодица,Кривогаштани во Слваеј ,Врбјани ,Црнилиште,Гостиражни… – проверете дали медицинските теренски екипи ќе бидат во вашето населено место
