Невремето кое попладнево надвисна над Пелагонија,темните дождовни облаци, силнот ветар, дождот и градот предизвикаа шетети во земјоделските култури. Градот, кој пет минути паѓаше, проследен со силен дожд и грмотевици направија штети врз тутунот, бостанот и градинарските култури, особено во с. Житоше, Црничиште, Пешталево, Костинци …, а дел од неселените места останаа и без електрична енергија.


Силниот ветар во центарот на Прилеп, сруши дрво, регистрираа колегите од Зенит. За среќа нема повредени при падот на дрвото во паркот!

А, ветрот носеше и тутунови скелиња во нас. Точила, пишува, пак, Маркукуле
Утре, меторолозие најавиа пеколните горештини, портокалова фаза со екстремни високи температури над 43 степени целзиусови и со УВ зрачење 9 . Утре е забрането да се излегува без потреба, дури , и во утрниските часови. Од работа се ослободени бремените жени и оние кои се над 60 години. Портокалова фаза е прогласена за наредните четири дена.