25.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Градинката „Весело штркче“ во Кривогаштани го прослави 10тиот роденден

ЈОУДГ „Весело штркче“ во Кривогаштани прослави една деценија од постоењето и грижата за најмалите во ова населено место. Тоа значи многу насмевки, радост, смеа и дружба за децата згрижени во оваа јавна општинска установа.

„Со големо задоволство и радост ја прославуваме десетгодишнината на нашата градинка. Оваа година е посветена на сите нас: деца, родители воспитувачите и негователите, кои со својата љубов и посветеност го создадоа ова прекрасно место. Во текот на овие десет години, нашата градинка стана дом на многу малечки, кои растат, учат и играат. Ние сме горди на нашите постигнувања, но и на сите спомени кои сме ги создавале заедно. Благодариме на сите вас што бевте дел од оваа приказна. Вашата поддршка и доверба ни даваат сила да продолжиме да создаваме безбедно и инспиративно опкружување за нашите деца. Нека оваа десетгодишнина биде само почеток на нови успеси и убави моменти!“, ја споделија радоста од градинката која уште од утренските часови беше украсена и подготвена за прослава на роденденот.

 

Би можело да ве интересира

Што „ осветли“ Светскиот ден на социјална правда ?

Документарниот филм Антипод во хуманитарна мисија за малата Ева

Завршување на тековните и нови инфраструктурни проекти за развој на Прилеп најави Министерот за транспорт и врски

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе