11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Ралковски, КСС: Синдикалното движење е под постојан атак

Во организација на гранковиот Синдикат за администрација и државна управа (САДУ) при Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска во Прилеп се одржа синдикална работилница на тема „СИНДИКАЛНО ДВИЖЕЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ“. Едукацијата се спроведува согласно програмата на Синдикатот за админстрација и државна управа, а во рамките на работилницата беше презентирана Националната кампања „365 Работнички права за млади“. На настанот беа бидат присутни претставници на КСС и членови на КСС од институции од Прилеп и од регионот, како и првиот човек на КСС Борис Ралковски, што беше повод за краток разговор:
Радио Пела: Каква е состојбата во остварување на синдикалните права во земјава во областите каде делува КСС?
– Можам да кажам дека социјалниот дијалог и социјалното партнерство е на најниско ниво, од причина што по барањата на КСС за остварување на нашите права согласно законот и колективните договори имаме атак над атак над синдикатите. Во овој момент се случува еден страшен удар врз синдикалното движење, страшно непочитување на колективните договори и непочитување на социјалниот дијалог. На 17 јануари ние како КСС имавме предупредувачки протест, но очигледно тоа не беше доволно за да седнеме на маса и да разговараме за нашите права и за нашите барања. Можам да кажам дека од тогаш па наваму имавме неколку средби, но очигледно е дека некој манипулира и купува време за растурање на синдикалното движење во Македонија, вели Ралкоски.
Радио Пела: Колку има иницијативи за синдикално здружување за подобро делување во иднина?
Извршниот одбор на КСС веќе има иницијатива до гранковите синдикати кои што до 10 април треба да се изјаснат за понатамошните чекори на синдикатите. Првите информации кои што ги добиваме од терен се дека се бара радикализирање на нашето делување и мислам дека тоа ќе се случи многу доколку не се најдат решенија по нашите барања и доколку не престане нападот врз синдикалните организации од КСС. А притисоците се многу очигледни, почнаа веќе од врвот претседателот на КСС доби отказ, сега доби отказ и претседателот на гранковиот синдикат за транспорт и врски, многу синдикални лидери почнуваат да се деградираат, значи да се преместуваат од своите работни места, се закануваат со дисциплински постапки, се пишуваат казни, се прави атак врз нашето членство со притисоци и закани да се отчленат, па ете еден пример е синдикалната организација на АД ЕЛЕМ која што е во составот на конфедерацијата. Има еден куп примери документирани од наша страна и се веќе испратени до европската и светската конфедерација која што реагираше на овој атак врз КСС. Но, очигледно не вродуваат со плод и не стигаат до ушите на тие што го нарачале овој атак врз Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, рече Благоја Ралковски претседател на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.
Инаку, работилницата имаше за цел запознавање и едукација на синдикалците од различни сектори на вработените во државни и општински институции и установи. Додека пак кампањата „365 работнички права за младите“ вклучува серија на активности кои ќе се спроведуваат во текот на 2018 година и истите предвидуваат консултативно – едукативни средби, јавни дискусии, ИНФО Денови и настани преку кои ќе се опфатат голем број на млади (средношколци и студенти), млади работници, работодавачи, донесувачи на одлуки на локално и национално ниво и невладини организации со цел подигнување на свеста за гарантирање на правата на работно место.

Би можело да ве интересира

Микросам на најголемиот американски саем за современи композити – CAMX 2022!

Гордана Цветаноска

Парични награди за најдобрите матуранти и екскурзија за најуспешните основци

Гордана Цветаноска

До утрово 37 л/м2 дожд во Прилеп, а 10 л/м2 повеќе во прилепското поле

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе