3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп го одбележа “Виолетовиот ден“ за поддршка на лица со епилепсија

Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија- ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА, со поддршка на Општина Прилеп, на градскиот плоштад Методија Андонов – Ченто по петти пат го одбележаа “Виолетовиот ден“ . Традиционално, овој ден се одбележува со носење на облека со виолетова боја, а во Прилеп се одржаа предавања во неколку училишта посветени на ова невролошко пореметување. Според параметрите на Светската здравствена организација само во градот Прилеп има 750 лица со епилепсија, а на ниво на општина и до 1.000 граѓани.
„Постоиме веќе пет години и се судираме со истите проблеми. Општеството и институциите полека се сензибилизираат, но остануваат бариерите кај лицата со вакво нарушување. Говорењето отворено на оваа тема е сеуште проблем како и свеста за епилепсијата“, вели Деан Бунески, претседател на здружението „Епилепсија Македонија“.
Со пригодна манифестација ученици од средните училишта облечени во виолетови маички, знаменца и со виолетови симболи, испратија пораки до граѓаните, за зголемувањето на свесноста за поголема грижа, бришење на стигмата во заедницата и конструктивни социјални решенија за граѓаните со епилепсија.
„Здружението ‘Епилепсија Македонија’ под мото „Различни, а сепак исти“ и јас како градоначалник и Општина Прилеп даваме несебична поддршка. Сакаме системот да биде успешен, да работиме на подобрување на инклузивноста на овие луѓе, вклопување во сите полиња на општественото живеење, а со тоа да ја спречиме и дискриминацијата која се врши. Државата и ние како Општина ќе се залагаме и во иднина, да се решава нивниот социјален статус“, порача градоначалникот Илија Јованоски.
“Виолетовиот ден“ се одбележува на 26 март,секоја година на сите континенти, во повеќе од сто земји во светот и е именуван за еден од највлијателните меѓународениденови за подигање на свеста за
епилепсијата. Денот се одбележува од 2008 година по иницијативата на девојчето Кесиди Мега, нејзините родители и Здружението за епилепсија од Нова Шкотска во Канада. Целта на настанот “, Виолетов ден”, е промена на начинот на прикажување на епилепсијата во медиумите, во книгите и секаде каде животите на луѓето со епилепсија се прикажани на лош начин што уште повеќе ги усложнува напорите правилно да се едуцираат луѓето за епилепсијата.

Би можело да ве интересира

Започнува раниот тутунски откуп

Гордана Цветаноска

Јованоски: Без паника, обезбедени се дежурни продавници и аптека за време на продолжениот полициски час !!!

Гордана Цветаноска

ФК Победа под капата на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе