21.6 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Победа не успеа да ја продолжи победничката серија

По пет триумфи во низа, Победа не успеа да ја продолжи победничката серија. Екипата на  Пехчево Кит Го и Победа одиграа без победник (1-1) во дербито на 10. коло од Втората лига – Исток.

Прилепчани после шест минути во вториот дел се најдоа изненадени, откако младинскиот репрезентативец Љупче Кудев погоди во нивната мрежа за водство на Кит Го. Но, Бојан Спиркоски во 75-та израмни и потоа следеше завршница во која пречката на домаќините спречи нова радост за прилепчани.

За пет секунди буквално во последната минута од судиското надполнување, Победа двапати погоди во пречката и не успеа да стигне до комплетен пресврт за триумф и да се издвои на лидерското место, па сега со 23 бода е лидер барем еден ден, бидјеќи веќе утре, Слога Виница, има шанса да ги прескокне,бидејќи гостува кај најслабиот тим во лигата Братство Житоше

Би можело да ве интересира

РК Прилеп со Тиквеш, Охрид и Аеродром во групната фаза од националниот куп (ФОТО)

Никола Димески

Како почна така и заврши дербито на дното – Победа и Скопје ги поделија бодовите (ФОТО)

Никола Димески

Седум инересни моменти на ЗОИ во Пјонгчанг

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе