5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Во Крушево денеска се одбележани 41-роденден на Проески

На 25 јануари 1981 година во Прилеп е роден Тоше Проески, македонската и  балканска музичка ѕвезда, кој прерано го загуби својот живот во сообраќајна несреќа во Хрватска.  Тоше денеска ќе наполнеше 41 година ,а Крушево денеска организира низа мнифестации сеќавајќи се на музичкиот ангел кој останува вечно да живее во срцата на многу негови обожаватели

Одбележувањето  започна со крводарителска акција во спомен куќата „Тодор Проески” на Гумење и  со промоцијата на книгата на Бојан Тодоровски ,како и со музички настап на Никола Зацески со групата „Мелем”. Беше промовирана ие збирката песни „1 200 молитви за Тоше“, со музички перформанс на Горан Папаз, а напладне беа доделни  хуманитарни ваучери и  посета на вечното почивалиште на Тоше на Гумење.

Попладнево во Спомен-куќата на Тоше  се одржи музичко-сценски настан насловен „Ангел си ти” во изведба на камерниот оркестар од Битола со пијано трио од Скопје и со солисти од Македонската опера и балет под диригентство на Владимир Димовски.

Инаку, Тоше беше еден од најголемите ѕвезди на балканската музичката сцена, но и надвор од регионот, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија. Отпеа многу хитови и до ден-денес е ненадминат на македонската музичка сцена.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Постхумно Владата на Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин на државата, а во Крушево во негова чест е изграден меморијален центар што го носи неговото име. Целиот Балкан и ден-денес тагува по легендарниот пејач Тоше Проески.

АД „Пошта на Северна Македонија” по повод роденденот на Тоше Проески, 25 јануари започнува акција насловена  „Во чест и сеќавање на Тоше“ преку која може да се купи поштенска марка, ФДЦ коверт, максимум карта и масовен коверт со ликот на Тоше.

 

Би можело да ве интересира

КРУШЕВО:По седми пат викендов ќе се одржи „ФИС ролер ски куп Тоше Проески 2023“ (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Збогатен шумскиот фонд во Крушево, засадени над 100 дрвца

Препорака: Водата во општина Крушево да не се пие

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе