11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Дали намерно се кради и намалува имотот на Еурокомпозит?!

Додека премиерот Димитар Ковачевски денеска го посетуваше Прилеп и компанијата „Витаминка„ ,градоначаникот на Прилеп Борче Јовчески учестуваше во еко акција по повод Денот на пролетта и екологијата, ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп свика прес конференција пред фабриката „Еурокомпозит „ – Прилеп , посочувајќи дека власта работи „на штета на фабриката и вработените„ , Ирена Стерјоска Локвенец, од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп при тоа рече дека власта „лаже и манипулира со граѓаните„:(А, што рече Ковачески, прочитај те поддолу..) 

https://www.facebook.com/okprilep/videos/2137962286363934

 

„За жал, оваа влада на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски, е продолжена рака на владата на Зоран Заев. Влада е која не знае да се справи со предизвиците. Тоа се потврди и од денешната посета на Ковачески во Прилеп, кој не отиде да види што се случува во „Еуркомпозит“, туку и на новинарско прашање што планира Владата со државната фирма Еурокомпозит и дали има веќе најдено стратешки инвеститор, не даде јасен одговор. Очигледно е дека или не знае или пак воопшто не е запознат што се случува со фирмата?
Лагите кои СДСМ ги повторува за Еурокомпозит и понатаму продолжуваат, а сето тоа на штета на фабриката и вработените. За потсетување, постојано се извршуваат тешка кражби во фабриката, за која дознаваме од медиумите и дека е украдена скапа опрема и алати.! Дали можеби намерно се кради и намалува имотот на фабриката и дали власта свесно остава да се извршуваат овие кражби?
Оваа влада и нејзините нови партиски испоставеници, не се разликуваат по ништо од претходните од времето на Зоран Заев. Постојано лажат и манипулираат со граѓаните, како што беше и вчерашниот случај со новиот претседател на Општинската организација СДСМ Прилеп, кој во видео проака кажа за некакво „историски највисоко зголемување“ на пензиите, при тоа фалејќи ги политиките на владата на СДСМ. За жал, заборави да ги праша пензионерите како преживуваат со ниска пензија, што им недостасува, зошто е скратена посмртнината и ред други прашања? Изгледа од СДСМ не ја научија лекцијата од локалните избори и поразот од преку 7500 гласа разлика во Прилеп, дека со лажен триумфализам не се бркаат политички поени.
За потсетување ВМРО-ДПМНЕ континуирано им ги зголемуваше пензиите на пензионерите, без да има потреба да се прави тоа поради зголемувањето на цените. Пензионерите добиваа зголемени пензии не како изнудени мерки туку како напор на тогашната влада за подигање на животниот стандард. Токму владата предводена од СДСМ го укина ваквиот раст на пензиите според просечната плата и цели 3 ипол години им кратеше голема сума на пензионерите од нивните пензии.
Затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за да се врати државата на правиот пат. Народот не заслужува ваков третман и ваква негрижа! Затоа се потребни промени! А промените ги носите Вие почитувани со граѓани.„- рече Локвенец

 

Премиерот, Ковачевски одговарајќи на новинарското прашње , во врска со состојбат со оваа компанија загубар,   посочи дека државата цело време го помага Еурокомпозит : “Таа компанија има производство за одредени добавувачи, а она што Владата го прави беа анализи на ниво на ресорни министерства,кои беа разгледани од страна на комисијата за економски систем.Таму се работи за производство на воена опрема. Ние сме НАТО држава и со оглед на приликите ќе се влезе во одредено преструктуирање на фариката и изнаоѓање на стратешки инвеститор.Тоа сепак ќе зависи од инвеститорите кои ќе се појават,од нивните планови и нивното производство и пласман. Штом ќе има некои резултати ,први ќе бидат инфомирани вработените„ -рече Ковачевски при денешната посетата на Прилеп, за состојбата со Еурокомпозит.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Талевски го предизвикува градоначалникот Јовчески на ТВ дуел!

Гордана Цветаноска

Политичките партии во среда ќе ја потпишат Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Пела Редакција

Кадровските решенија тема на опозицијата и власта во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе