11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Смилеска апелира: Да работиме исклучиво во интерес на граѓаните, ова е време на сериозни предизвици!

Кети Смилеска, директорка на Општа болница со проширена дејност Прилеп, денеска на прес конференција ги отфрли обвинувањата изнесени на прес конференција од Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, одржана во саботата, бидејќи како што рече „ била повикана да реагира  на изнесените невистини и критики “. Реакцијата ја пренесуваме во целост:

„Деструктивното однесување на политичката партија нема да не’ поколеба да продолжиме да работиме во интерес на граѓаните. Само за потсетување во време на светска здравствена и економска криза, во време на пандемија, болницата работеше консолидирано и со полн капацитет. Како никогаш до сега, вложуваме во човечкиот капитал – обезбедивме рекорден број на специјализации, 26 доктори на специјализација и 4 доктори на субспецијализација само за 2021 та година. Платите во здравството се покачени на историски највисоко ниво. Во поглед на пандемијата која се надевам нема да се повтори, презедовме брзи и адекватни чекори и мерки. Обезбедивме достапност на вакцини со доставување на вакциналниот пункт кој што во текот на целото лето функционираше, а сега функционира пунктот во Здравствениот дом.

После 50 години за прв пат во нашата болница обезбедивме апарат за магнетна резонанца со кој ќе станеме регионален центар за дијагностика. Граѓаните на општина Прилеп конечно нема да имаат потреба да патуваат во соседните градови и да чекаат со месеци да ги користат овие здравствени услуги.

Впрочем градоначалникот од вашите редови д-р Борче Јовчески кој што беше поканет, а од оправдани причини не присуствуваше на пуштањето во употреба на магнетната резонанца на официјалната меил страна Болницата испрати честитка и укажа благодарност за оваа важна инвестиција.

Времето на дневно партиски препукувања и собирање на ситни политички поени е минато. Граѓаните сакаат да зборуваат за факти и бројки. Се соочуваме со сериозни предизвици економски и здравствени, и потребно е да покажеме стрипливост, капацитет и сите заедно да работиме исклучиво во интерес на граѓаните.

Апелирам да го надминеме овој предизвик заедно. Апелирам до Вас како претседател на Советот на општина Прилеп да се занимавате за подобрување на инфраструктурата околу болницата, конкретно за укинување на платениот паркинг во кругот на болницата кој што ги изложува граѓаните на дополнителен трошок и заеднички да ги решаваме проблемите“, п рече Смилеска на прес конференцијата.

На новинарски прашања од Радио Пела во врска со висината на инвестицијата за поставување на апаратот за магнетна резонанца, Смилеска одговори:

– Инвестицијата која што Болницата ја издвои за опремување на просторот, вклучително за обезбедување на фарадаевиот кафез  5 милиони денари. Тоа значи комплетна проемна на електричната инсталација, обезбедување на ладење на просторијата. Се’ беше обезбедено стручно и професионлано со обезбедени комплетни документи за реконструкција на просторот кој што ги обезбедивме од Локалната самоуправа со одобрение за градба, воведовме и надзор на извршување на работите, така што просторот е не само технички оспособен, туку и одобрен. Апаратот го обезбеди ресорното министерство, одговори Смилеска.

Што се однесува до соодветниот кадар за дијагностика на резултатите од магнетната резонанца, Смилеска посочи дека се прават напори за надминување на проблемот.

– Во нашата болница доаѓаат двајца доктори од другите болници, од Клиника и од битолската болница. Докторите ги читаат резултатите од пробното снимање. Што се однесува до снимањата преку Мој термин, ќе се потрудиме да го направиме читањето преку ангажирање на доктор кој што ќе дојде тука и ќе ги обучува докторите кои што се вработени кај нас, рече Смилеска.

Би можело да ве интересира

Со хуманитарна акција одбележана годишнината од формирањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп

Елизабета Филипоска

ОО на СДСМ: Во Прилеп поскапува градскиот превоз

Пела Редакција

По состојбата со прилепската болница се огласи ОК на ВМРО ДПМНЕ

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе