5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Илиоски праша на прес: „Зошто градот ни се најдува секојдневно во вестите од црната хроника?„

Прес за безбедносната состојба во Прилеп одржа и ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп. Робертино Илиоски, на прес конференцијата истакна

„Од причини што нашите Прилепчани се исплашени за нивната безбедност и безбедноста на нивните деца, денес на седницата Советот на Општина Прилеп поставена е точка на дневен ред со која како ВМРО ДПМНЕ бараме информација за безбедносната состојба во градот.  Имено, по иницијатива на  советници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата оваа точка беше побарано да се разгледа на минатата седница, но немаше присуство на раководните лица од полициската станица во Прилеп. Очекуваме дека денеска Командирот на Полициската станица од општа надлежност, ќе биде присутен на седницата и ќе ја образложи причината зошто градот ни се најдува секојдневно во вестите од црната хроника. Во неразбирливо отсуство на полицијата, градот стана своина на насилници, дилери, лихвари, кои непречено функционираат и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.  Нашите деца не се безбедни на улиците , на кои и ден и ноќ се тркаат автомобили и мотори, нема полициски патроли ни маалски полицајци. Бројот на сообраќајни незгоди и прекршоци е во вртоглав пораст, не се почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Дали оваа ситуација се должи на начинот на избор на командирот на ПС Прилеп и високите раководни службеници назначени од централната власт кои или немаат капацитет да се носат со ситуацијата или намерно го вртат погледот на другата страна дозволувајќи
Прилеп да биде тероризиран и заплашуван? Исто така прашуваме до каде е постапката и што се случи со скадалозната Вибер група која координираше за време на Локалните избори, спротивно на сите закони? Дали тоа е причина за игнорирање на повиците од страна на Советот, градоначалникот на општината и граѓаните, за подобрување на безбедносната ситуација?
Поради тоа,  го повикуваме министерот за внатрешни работи под итно да го разреши  командирот на ПС Прилеп и клучните полициски моќници бидејќи Прилеп стана небезбедно место за живеење. Ситуацијата мора да се промени,  мора да се вратат безбедноста и мирот во градот и Прилеп да биде безбедно место за живеење.“


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Давкова во Прилеп: Премиерот мисли дека Преспанскиот договор е доволен за ЕУ. Реформите во судството се клучен елемент за членство

Елизабета Филипоска

Мицкоски: Ова се избори на кои народот ќе си ја врати државата

Пела Редакција

Ристески пред српските градоначалници: Транспарентноста и отчетноста е успех за локално владеење

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе