11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео) Тепачка меѓу гости и вработени во кафана и полициска контрола синоќа – фатени 17 малолетници

Тепачка меѓу вработени и гости во кафана во Прилеп, и едните и другите пријавиле во полиција дека биле нападнати.

Како што пишува во билтенот на МВР, на 12.06.2022 во 00:20 часот Д.Р.(58) од Прилеп пријавил дека додека бил во угостителски објект во Прилеп со неговата пријателка З.В., по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице вработено во објектот.

– Околу 01:40 часот З.В.(61) од Прилеп пријавила дека на 11.06.2022 околу 23:30 часот во угостителски објект во Прилеп, каде била гостинка, по претходна расправија, била физички нападната од едно женско лице. Во врска со случајот,  во 01:30 часот, Н.Н.(21) и Б.Н.(28), двајцата од прилепско, пријавиле дека во угостителски објект во Прилеп каде биле вработени, Н.Н. била физички нападната од едно женско лице, а Б.Н. од машко лице, двајцата гости во објектот. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – пишува во соопштението на МВР.

Акциска контрола синоќа на подрачјата на ОВР Прилеп- констатирано е присуство на 17 малолетници после полноќ

 

Инаку, на 11/12.06.2022 година, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за униформирана полиција и Оддел за специјални полициски операции) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола на подрачјата на ОВР Прилеп.Од спроведената контрола во угостителски објект во Прилеп констатирано е присуство на 17 малолетници после полноќ, спротивно на законот, две лица кои не носеле документ за лична идентификација се приведени во полициска станица заради утврдување на идентитетот, а од страна на Државен пазарен инспекторат констатирано е дека во објектот работат непријавени лица, при што бил затекнат при работа и малолетник.

За објектот ќе следи соодветна санкција за непочитување на Законот за работни односи.

 

Би можело да ве интересира

Физичкото насилство стана секојдневие!

Пела Редакција

Само за 6 часа изречени 80 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

За “влакно“ избегната трагедија – се запали куќа во која ќе изгореа две деца

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе