18.3 C
Прилеп
понеделник, 12 мај, 2025
Пела Радио

Чантурија е нов тренер на РК Прилеп

УО на РК Прилеп излезе со информација дека е решено прашањето за нов тренер на машкиот ракометен суперлигаш. Таа позиција му е доверена на Грузиецот Реваз Чантурија. Всушност, тој ќе биде во две улоги – играч и тренер. Претходното првенство покрај играч, беше и помошник-тренер на Горан Кузманоски – Таста кој замина во РК Скопје. Изборот на Чантурија не е изненадување, бидејќи тој остави печат и како играч и како човек во државава, вклучително и во Прилеп. Претстојното првенство ќе има задача со подмладен тим да избори опстанок. Сега се очекува датум за старт на подготовките, избор на играчи кои ќе настапуваат за Прилеп.

Новото првенство започнува од 3 септември.

Извор:  www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

НА ПОЛУВРЕМЕ НАСЕТИВМЕ ДЕКА УМРЕЛ ТИТО

Победа обезбеди бараж за опстанок

РК Прилеп испушти шанса за победа

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе