7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Тутунарите бараат анекси на договорите за зголемување на откупните цени

Денеска новоформираните тутунски здруженија и официјално побараа од ресорното министерство и откупувачите да се направат анекси на договорите со тутун, со кои што ќе се зголемат цените за откуп на актуелната реколта. Причините се економската криза, инфлацијата, зголемените реални трошоци за производство:

Поради се поголемите трошоци како за производство на тутун така и за основна егзистенција на тутунарите, кои за жал се оставени сами на себе без легитимни претставници пред институциите во овие исклучително тешки времиња, Ние, новоформираните тутунски здруженија БАРАМЕ од вас –МЗШВ и откупувачи на тутун, изготвување на АНЕКС на договорите за производство на тутун за реколта 2022 година со кој анекс на договор ќе се покачат цените по класи на тутунот и кои цени за разлика од сегашните, реално ќе ги отсликуваат производствените и животните трошоци. Ова наше барање има за цел да го одржи барем колку толку ланското производство на тутун, како и да го спречи напуштањето на земјоделците на оваа традиционална гранка во Македонија од која загуба ќе имаат и државата и откупувачите. Искрено се надеваме дека ова наше барање ќе биде прифатено и со самото тоа министерот при МЗШВ ќе покаже и на дело дека неговите јавни заложби за земјоделците не се само празни зборови, а откупувачите дека навистина мислат да ја вратат оваа гранка во живот која сега за жал се наоѓа во кома, се вели во барањето од новоформираните тутунски здруженија.

Би можело да ве интересира

Од полноќ поевтинува дизелот

Тутунски комбинат – Прилеп има нов Борд на директори

Пела Редакција

Јакимовска: „Вие, за мене, сте хероите на ова ново време!“ – Работниците од Комфи Ангел со аплауз искажаа благодарност

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе