3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Министерот Спасовски во работна посета на Прилеп

Во работна посета на Прилеп денеска беше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во рамките на посетата министерот Спасовски оствари средба со градоначалникот Илија Јованоски, на која присустваа и претседателот на Советот на Општина Прилеп Миле Талевски, како и пратениците Хари Локвенец и Кети Смилеска. На средбата станало збор за актуелната безбедносна состојба. на територијата на општина Прилеп, за состојбите во сообраќајот, како и за изградбата на ИКТ Центар за опоравување од катастрофи.

„ Од страна на Министерството добивме благодарност за нашата заложба за изградба на ИКТ Центарот, кој што треба да се гради во Општина Прилеп. Тоа ќе биде направено, а во иднина нашата соработка ќе биде на највисоко ниво, исто како и досега“, изјави градоначалникот Јованоски.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека посетата на Прилеп е дел од стратегијата на МВР, посетите на Полициските станици да бидат искористени и за разговор со раководствата на локалните самоуправи и градоначалниците, со цел да се изнајдат начини за обновување на врската помеѓу граѓаните и полицијата.

„Ако немаме взаемна комуникација на граѓаните и македонската полиција, не може да очекуваме ниту поголем степен на безбедност. За да ја обновиме таа врска потребна ни е локалната самоуправа, бидејќи испреплетени сме во многу сегменти, пред сè во јавниот ред и мир, сообраќајот, генерално, криминалитетот што се случува низ општините“, истакна министерот Спасовски.

Како што рече Спасовски со градоначалник Јованоски разговарале и за давање насоки за позорната служба односно маалскиот полицаец, а било разговарано и за активирањето на советите за превенција и за заеднички пристап со цел регулирање на сообраќајниот хаос во градовите. Министерот за внатрешни работи изрази благодарност до градоначалникот Јованоски и до Советот на Општина Прилеп, поради ослободувањето од обврската за плаќање на комуналии за изградба на ИКТ Центарот.

Министерот Спасовски оцени дека безбедносната состојба е стабилна во градот, на подрачјето на СВР Битола и на ниво на цела држава. Како што рече, криминалитетот има стапка на опаѓање. Единствено, според податоците од периодот на негово извршување на министерската функција е забележано зголемување на кривичните дела „злоупотреба на службената должност и овластување“.

Според Спасовски, во МВР се размислува и се прават анализи, Полициската станица во Прилеп да прерасне во Сектор за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Манифестација „Од 0 до култура“ – вечерва прилепската група „The Flames“

На програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“денеска,вторник, три претстави

Состојба со корона вирусот во општина Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе