3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Која е реалната цена на тутунот и дали таа е доволна и одговара со реалните трошоци и маката на тутунарите?„

На посетата на Премиерот и министерот за земјоделије во Тут- Ком во Прилеп,  реагираа од ОК на ВМРО ДПМНЕ:

Денес во посета на нашиот град е Љупчо Николовски, кој после смена од позицијата министер за земјоделие, и неговата жолчна борба како прв човек против криминалот и корупцијата која резултира со заплена на путер со поминат рок, повторно се врати на старото место, за да го доуништи она што го остави во минатото.

За жал, она што може да го видеме во Прилеп, се веќе видените евтини ПР трикови, со сликање и извртување на реалноста, а реалноста најдобро се открива преку следните прашања. Дали денес Љупчо Николоски е дојден само да се слика и снима пред камерите, притоа злоупотребуајќи ја маката на тутунарите? Дали денес пред објективот се прикажуваат договорени средби, со договорен откуп на луѓе блиски до СДСМ кои треба вештачки да изразат некакво задоволство од откупот, додека обичниот тутунар е оставен на милост и немилост од државата во ова лошо време?
Кога е веќе тука министерот, нека одговори која е реалната цена на тутунот и дали таа е доволна и одговара со реалните трошоци и маката на тутунарите, каде спаѓаат прескапата нафта и прескапите репроматеријали?
Почитувани, очигледно од најголем интерес за централната власт во нашата држава се најпрофитабилни бизнисите на мафијата поврзани со плантажите со марихуана, додека тутунарите и земјоделците едвај врзуваат крај со крај. Кога е веќе тука, можеби и ќе изврши увид во платата на генералниот директор на Тутунски комбинат и ќе направи споредба со примањата на просечен земјоделец кој треба да се бори со огромната инфлација, поскапениот леб, масло, нафта, прескапата електрична енергија и репроматеријали кои му се неопходни за производство? Љупчо Николовски како продолжена рака на погубните и катастрофални политики од времето на Зоран Заев во старо-новата влада на Димитар Ковачевски, нема што друго да понуди. Затоа е потребно час поскоро смена на централната власт, за конечно Македонија да се ослободи од СДСМ и да добие влада со компетентни луѓе кои ќе знаат како да одговорат на потребите и барањата на земјоделците, -истакнаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Силјаноска Давкова: горда сум на Прилеп, а наскоро ќе се слават 80 години од АСНОМ, од Ченто

Пела Редакција

Проданоски: Наместо пречистувач, станицата стана загадувач ?!

Втор ден политички препукувања

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе