7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прва сесија од Форум на заедницата во Прилеп

Во Прилеп се одржа првата од четирите форумски сесии на заедницата. Форумот е алатка за активно вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуки за реализација на приоритетните проекти од важност за локалното население. Во оваа втора фаза од Програмата форумскиот начин на одлучување влегува во статутот на Општина Прилеп, рече Дејан Проданоски, претседател на Советот на Општина Прилеп:

– Влегуваме во завршна фаза од Програмата „Зајакнување на општинските совети –фаза 2“. Воведуваме еден нов концепт во изборот на она што е најзначајно за граѓаните. Седницата која што следи наредната недела ќе биде на барање за измена на Статутот на Општина Прилеп, со што, во ваков состав и формат ќе биде воведен и во Статутот, за тоа како да се трошат во иднина јавните пари. Сега ова е само пилот програма, во која насока ќе се трошат тие средства кои што се одобрени од УНДП да видеме за што размислуваат нашите сограѓани, во која насока треба да се трошат нивните средства. Оваа донацијата ќе ја искористиме за она што ќе одлучат граѓаните во ваков состав. Воведуваме една алатка за демократизација на општеството, она што го ветивме во предизборието, да не биде едноумие, една одбрана група да одбираат што се приоритети за граѓаните на општината. Токму на овој настан ги прашуваме граѓаните како овие средства да се потрошат во општина Прилеп, рече Проданоски.

Планирана е финансиска рамка од 40 до 50 илјади долари, а кофинансира и општина Прилеп до 20 отсто за еден или неколку проекти.  Градоначалникот Борче Јовчески го поздрави форумот  за големата заинтересираност од граѓаните и изрази задоволство што на овој начин се придонесува за поквалитетен живот во општината. На форумската сесија беа утврдени темите на кои ќе се конкретизираат приоритетните проекти. Во Прилеп опфатени се: образование, млади и спорт и животна средина.

–  Програмата се финансира од швајцарската влада, УНДП и Министеството за локална самоуправа и Општина Прилеп.Форумот е алатка за активно вклучување на граѓаните во креирање на локални политики во делот на предлагање и приоретизирање на проекти. Денеска е првата од сесиите кои ќе се реализираат во наредниве 2 месеци за предлагање и избор на проекти кои ќе ги спроведе општината до крајот на годината, посочи Владимир Величковски, модератор на форумот на заедницата.

Главната цел на овие форумски сесии е подобрена вклученост на граѓаните во донесување на одлуките и поголема соработка на граѓаните со Советот на општината.

 

Би можело да ве интересира

Прилепската чаршија подготвена за првиот „Прилеп аутлет викенд“!

Гордана Цветаноска

БЕХТЕЛ и ЕНКА бара 4.000 градежни работници од Македонија

Пела Редакција

Седница на Совет – повисоки плати за комуналците, за помошниот персонал во старски дом, нови вработувања во библиотека…

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе