13.3 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Со украден багер копале на археолошко наоѓалиште

Шестмина диви копачи од Прилеп и еден од Кавадарци, биле фатени како копаат со украден багер на археолошко наоѓалиште кај селото Горно Село, долненско, соопшти полицијата.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Х.К.(38), С.М.(39), И.П.(48), Д.П.(34), Ц.М.(33), Д.Т.(41), сите од Прилеп и Т.Д.(46) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. На 27.04.2022, пријавените со багер, кој претходно бил пријавен за украден, отишле на археолошкото наоѓалиште во атар на село Горно Село, на место викано „Големи камења“, каде што дел од нив вршеле ископ, а дел од групата чувале стража.

Доколку бидат осудени за делото за кое се гонат, на дивите копачи им се заканува казна затвор од шест месеци до пет години.

Би можело да ве интересира

Кривична за прилепчанец – си го запалил моторот на паркинг

Пела Редакција

Двајца прилепчани влегле во конфликт со полициски службеници

Пела Редакција

Жена пешак тешко повредена од удар на автомобил во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе