24 C
Прилеп
вторник, 30 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Ќе добие ли Прилеп нов второлигаш?

Полека привршуваат натпреварите во националните фудбалски првенства, па од тука и се креираат горните позиции но и позициите кои носат бараж за влезе еден ранг погоре.Така е и во третата фудбалска лига – југ , каде на неколку кола до крајот лидерската позиција е за Големо Коњари кој првата позиција ја држи од стартот на шампионатот.Клубот кој има долга фудбалска историја за Прилеп , повторно е во најповолна позиција која носи бараж за пополнување на место кое води во второлигашко друштво.Од клубот велат дека го имаат ентузијазмот и желбата да се надигруваат со противниците и во втората лига , потребно е да се обнови инфраструктурата која е потреба за настапи во овој ранг , а домашниот терен е во беспрекорна состјба велат од Големо Коњари.За спортската емисија СПОРТСКИ ЖУРНАЛ , во #РАДИОШТОСЕГЛЕДА  , претседателот на клубот Тони Даноски  истакнна дека нема поубаво чуство за жителите на Големо Коњари да го гледаат својот клуб да се натпреварува што повисоко во македонските првенства , но за се треба само да се обнови инфраструктурата што ја поседува клубот.Во продолжение и целиот разговор погледнете го во видеото.

 

Би можело да ве интересира

Еурофарм Пелистер 2 и Охрид со победи го отворија Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Македонската фудбалска репрезентација ќе настапи со црни дресови за почит кон загинатите во трагедијата

Прилепчанки играат „лудо“ и „газат“ се прeд себе. ЖФК Деспина Прилеп – ЖФК Шкупи 11:0

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе