7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (35)

Пишува Зоран Момироски

  • КОКИЧИЊАВА ОД ПРИЛЕПСКИОВ СДСМ ПОЛЕКА, АМА СИГУРНО ПОЧНУВААТ ДА ПОТПРКНУВААТ. ИСТО КАКО ПО СВАДБА СВАТОВИТЕ  ДА ВИКНАТ ТАПАНИ. ОТКАКО СЕ ДОЗНА ДЕКА ЗА ПРВ ПАТ ОД ПОСТОЕЊЕТО ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ЛАНСКАТА ГОДИНА ЈА ЗАВРШИ СО ЗАГУБА, МУ ТРЕБАА ДЕНОВИ И НЕДЕЛИ ДА МУ ДАДАТ ПАРТИСКА ЗАДАЧА НА ФИЛИП ПОПОСКИ ОД СДСМ. ТИ ЗАСТАНАЛ ПРЕД ЈКП  И ЧИТА, ЧИТА КУТРИОТ ЧОВЕК, ДАЛИ ЧИТА… ПРАВНИК, А ЧИТА ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА: ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ПОКАЖАЛА ЗАГУБА ОД 8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ; ДЕКА ДЕСЕТИНА ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ВО ПРЕТПРИЈАТИТЕТО СИ ЗЕМААТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА, А ЗА 17 МЕСЕЦИ ДРУГАРЧЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ,  ДИРЕКТОРОТ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО ИГОР ГУЛАБОСКИ, ТИ НАПРАВИЛ ФИНАНСИСКА ,,ДУПКА“ ОД 12.000.000 ДЕНАРИ. ПА ЗГОРА НА ОВА, ПОПОСКИ СЕ ДРЗНУВА  ДА БАРА ГУЛАПЧЕТО ДА СИ ПОДНЕСЕЛО ОСТАВКА И ДА СЕ СИМНЕЛО ОД ,,СЕДЕЛОТО“!!! МАЛКУ Е ОВА, ПА ПРИ ОБРАЌАЊЕ ДО ЈАВНОСТА ,,БЕЗОБРАЗНО“  ДУРИ БИ РЕКОЛ И „ДРСКО“ ОДИ ЧЕКОР НАТАМУ И ВЕЛИ : АКО ГУЛАБО НЕ СИ ПОДНЕСЕЛ ОСТАВКА, ТОГАШ НЕГОВИОТ НАЈБЛИЗОК ДРУГАР БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ДА ГО РАЗРЕШЕЛ! ГО СЛУШАМ МЛАДОВО МОМЧЕ ФИЛИП И СИ ВЕЛАМ: ДАЛИ СИ ТОЧЕН  ВО УМОТ И ТИ И ТВОИТЕ ВО СДСМ?! БОРЧЕ ДА ГО РАЗРЕШЕЛ ГУЛАБОТ?!? ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВЧЕСКИ ДУШАТА БИ СИ ЈА ДАЛ ЗА ДРУГАРСТВОТО СО ДИРЕКТОРОТ ГУЛАБОСКИ, ОВИЕ БАРААТ ОСТАВКА, РАЗРЕШУВАЊЕ. СЕ’ МОЖЕ ДА ПРОПАДНЕ – АМА ДРУГАРСТВО – НЕ !!!! БИДЕЈЌИ НИВНОТО ДРУГАРСТВО Е ВЕРНО И ШТО Е НАЈВАЖНО ВЕЧНО! СЕТА СРЕЌА ВО НЕСРЕЌА Е ШТО ФИЛИП СО ТАЈФАТА СЕ ОД СДСМ. АКО БЕА ОД ВМРО-ДПМНЕ ПРВО ЌЕ МОЛЧЕА. ВТОРО ЕКСПРЕСНО ЌЕ БЕА ПОВИКАНИ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА ВО СКОПЈЕ. ИСТО КАКО ШТО СЕ ПОВИКУВАНИ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ ОД ВМРО-ДПМНЕ СО БОРЧЕ. ОТИ ШЕФОТ ПО „ПАЗАРОТ“ ИМА ЗАБРАНЕТО ЛОШ ЗБОР ДА СЕ КАЖЕ ЗА „УСПЕШНИОТ“ ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ И ДРУГАРЧИЊАТА.

 

  • НО, КАКО И ДА Е, НА ОВАА РЕАКЦИЈА ОД СДСМ ОД ПРИЛЕПСКОТО ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ЕКСПРЕСНО МУ ОПНАА ОДГОВОР СО КОНТРА АРГУМЕНТИ. НО И СО ПОРАКА: ДЕЛ ОД ФИНАНСИСКИТЕ КАЛКУЛАЦИИ ШТО ГИ КАЖАА ВО ОБРАЌАЊЕТО ДО ЈАВНОСТА ДА СИ ГИ ЗАБОРАВИТЕ. ТИЕ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД  НАСЛЕДЕНИТЕ И НЕИСПОЛНЕТИ ОБВРСКИ ОД ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ЕМИЛ ЈАНЕСКИ. УШТЕ ФАЛЕШЕ ДА МУ КАЖАТ: И ВАШИОТ ЕКС ДИРЕКТОР ЈАНЕСКИ Е  ДРУГАР НА ВАШИОТ ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИК ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ. И ТИЕ ДВАЈЦА ДУША ДАВААТ ЕДЕН ЗА ДРУГ. ШТО ЌЕ РЕЧЕ И МУЦЕТО ДУША ЌЕ ДАДЕШЕ, АМА ЕМИЛ НЕМАШЕ ДА ГО ДАДЕ. НА ОВАА РЕАКЦИЈА ОВИЕ ОД СДСМ ЗАМОЛЧИЈА, ГИ НЕМА СО КОНТРА РЕАКЦИЈА. И АКО ПРОЗИВАН ГО НЕМА ДА СЕ ЈАВИ И ЕМИЛ!!! ОТИ ТОЈ ВИСТИНА БЕШЕ ИМЕНУВАН ЗА ДИРЕКТОР ОД СДСМ, АМА СЕГА Е ВО ЗДРУЖЕНИЕТО „ЗА НАШ ПРИЛЕП“ ЧИЈ ИДЕЕН ТВОРЕЦ Е МАКСО ОД КУМАНОВО. ПА ТАКА, НЕ МУ МОЖАТ НИШТО НИ СДСМ, НИ ВМРО-ДПМНЕ. А ЗА ВЕТЕНОТО ПРЕДИЗБОРНО НАМАЛУВАЊЕ НА СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА И КАНАЛИЗАЦИЈА ЌЕ ПОЧЕКАТЕ И ВИЕ ОД СДСМ И ВИЕ ОД ВМРО И ГРАЃАНИТЕ.

 

  • НА 7 АПРИЛ – ДЕНОТ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТН ОНАКА СО МНОГУ ЈАКО ОБРАЌАЊЕ ОПНА И ВМРО-ДПМНЕ, СЕ РАЗБИРА ПРОТИВ КЕТИ СМИЛЕСКА ДИРЕКТОРКА НА ОПШТА БОЛНИЦА – ПРИЛЕП. МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА МИРЈАНА КОНЕСКА ВРАБОТЕНА ВО ОВАА ЈЗУ „БОРКА ТАЛЕСКИ“ СО ОЦЕНКА НА НЕСПОСОБНОСТ НА МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ  ОД СДСМ ШТО ЈА ВОДИ ЗДРАВСТВЕНАТА УСТАНОВА. ПРВО: КЕТИ ВЕТУВАЛА, АМА НЕ ГИ РЕКОНСТРУИРАЛА НИТУ НЕОНАТОЛОШКОТО, НИТУ ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ. ПА МИРЈАНА ОД ИМЕТО НА ПАРТИЈАТА ГО СПОМНА И СЛУЧАЈОТ СО ПОЧИНАТАТА ПАЦИЕНТКА, AMA НЕ КАЖА ЗА ИНФЕКЦИИТЕ ВО БОЛНИЦАТА. ЗА ТОА КАКВА Е ФИНАНСИСКАТА СИТУАЦИЈА. ЗА ТОА КОЛКУ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ РАБОТАТ, ПА ДУРИ  ДРЖАТ И СМЕНИ, А НЕМААТ НИ ДОГОВОРИ ЗА ВРЕМЕНА РАБОТА НИ РЕШЕНИЈА.  ДАЛИ И КОЛКУ СЕ ЗАДОВОЛНИ ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОИ ПЛАТА ДОБИВАТЕ ВИЕ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ! ОЧЕКУВАВ, КАКО „МНОГУ“ ЗАГРИЖЕНИ  ЗА БОЛНИЦАТА ДЕКА ТИ И ТВОЈАТА ПАРТИЈА ЌЕ ГО ОТВОРИТЕ ПРАШАЊЕТО СО СУДСКАТА ПРЕСУДА НА УПРАВНИОТ СУД  У – 4 БР.321 / 2022  ПРИМЕНА НА 31.03 2023. ТАА  ТРЕБА ДА СЕ СПРОВЕДЕ ВО РОК ОД 15 ДЕНА ОД НЕЈЗИНАТА ПРАВОСИЛНОСТ, СО КОЈА, ДОКТОР САШО ПИРГАНОСКИ -ПСИХИЈАТАР ВО БОЛНИЦАТА НАМЕСТО ДА ЛЕКУВА СО ОВАА ПРЕСУДА ГИ БУДАЛИ РАКОВОДСТВОТО НА ОВАА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА И  ПАРТИЈАТА. ОСОБЕНО КОГА СЕ ЗНАЕ ДЕКА СЕКОЕ НЕПОСТАПУВАЊЕ ПО ОВАА ПРЕСУДА СЛЕДИ  КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ. ВИЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗБОРУВАТЕ И ЈА НАПАЃАТЕ КЕТИ, А ПРАШАЊЕ Е: ДАЛИ СО ОВАА ПРЕСУДА ТАА Е ДИРЕКТОРКА ИЛИ… ?! СО ПРАВО СПОМНУВАТЕ ЗА ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА И ТОА НАЈМАЛКУ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ОД БЛИЗУ 60 ШТО СЕ ВРАБОТЕНИ, АМА НЕ КАЖУВАТЕ КОЈ И КОЛКУ СЕ ВРАБОТЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА 10 ГОДИШНОТО ВЛАДЕЕЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ !?! ЛУЃЕТО ЗНААТ ДЕКА ПРВО ПАРТИСКАТА АКТИВНОСТ Е ПРЕД СЕ’ И НАЈВАЖНА, А ПОТОА СТРУЧНОСТА И ЗНАЕЊЕТО ПРИ ВРАБОТУВАЊЕТО. НЕ ДЕКА НЕМАТЕ ПРАВО НА ПАРТИСКО ОПРЕДЕЛУВАЊЕ И ЈАВНО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА СТАВ, АМА ТОА БАРЕМ НЕКА БИДЕ СО „ДИКАТ“ И НА МЕСТО. И ЕДНИТЕ И ДРУГИТЕ СИ ПРАВИТЕ ПРЕД НАРОДОТ „ПУКАЊА“ И „ПЛУКАЊА“ ОКОЛУ БУЏЕТСКИВЕ ИНСТИТУЦИИ, А НЕ ВЕ ЗАИНТЕРЕСИРА ШТО ПРАВИ НАРОДОТ И КОЛКУ Е ОНЕПРАВДАН ВО ДРУГИ ФИРМИ ВО ГРАДОТ?!? ДАЛИ И КАКО СЕ ПОЧИТУВААТ РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА?!

 

  • НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО ВРАБОТЕНИ КАКО НА МНОГУ ДРУГИ МЕСТА ТАКА И ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СИ ГИ БАРААТ СВОИТЕ ПРАВА. ПРОБЛЕМ Е ШТО ТИЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ РЕАЛИЗИРААТ И ИСПОЧИТУВААТ ПРАВАТА НА СЕКОЈ ВРАБОТЕН ГИ „КРШАТ“ И ЗЛОУПОТРЕБУВААТ. И ТОА НЕ ЗА ДРУГО ТУКУ САМО ПОРАДИ „НЕПОКОРНОСТ“ КОН „ГАЗДАТА“. ДУРИ ТИ ИМАЛО СЛУЧАЈ ТИЕ ДА СЕ „ИЗИГРААТ“ И АКО СЕ ЗАКОНСКИ, СО УКАЖУВАЊЕ, ЗАБЕЛЕШКИ И БАРАЊА – ОД ПОВИСОК ОРГАН МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА. И СЕ’ ТОА ВО КОНТЕКСТ НА ОНАА НАРОДНАТА „СЛУШАЈ КОЊУ КАДЕ ШТО ГАЗДАТА ЌЕ ТЕ ВРЗИ“!!!  ДОБРО УПАТЕНИ ВЕЛАТ ДЕКА НАВОДНО ТИ СЕ СПРЕМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПРОСТОРОТ ОД СТАРАТА ОПШТИНСКА ЗГРАДА. ЗЛОНАМЕРНИЦИ ТВРДАТ ДЕКА ТОА ЌЕ БИЛО ТРЕТО „ПРИТВОРСКО ОДДЕЛЕНИЕ“ ЗА НЕПОСЛУШНИ ?!?

 

  • КОНЕЧНО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ТОЧИЛА“ ПРЕДВЕЛИГДЕНСКИ ГИ СПОИ И ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ ВО ИНТЕРЕС НА ДОВРШУВАЊЕ НА ОВОЈ ЗНАЧАЕН ОБЈЕКТ И НЕГОВО ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА. ПРЕД ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК КОГА СЕ ВАПЦУВААТ ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЈАЈЦА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ СЕ ОХРАБРИ И РЕШИ, ЗАЕДНО СО МИНИСТЕРКАТА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА  ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА ДА ЈА ПОСЕТАТ ГРАДИНКАТА. КОЛКУ ЗНАМ НИТУ НА ЈОВАНКА НЕШТО И’ ФАЛЕШЕ, А  НИТУ  НА БОРЧЕ ОД ОВАА СРЕДБА, ИАКО, ДВАЈЦАТА ПРИПАЃААТ ОД ДВЕ РАЗЛИЧНИ ПАРТИИ, СО ДВЕ РАЗЛИЧНИ ПОЗИЦИИ И СО РАЗЛИЧНИ ОБВРСКИ ВО ПРЕДИЗБОРНА ГОДИНА.  АДУТОТ – ДЕТСКА ГРАДИНКА „ТОЧИЛА“  Е БИТЕН И ЗА ЕДНИТЕ И ЗА ДРУГИТЕ. НАМЕСТО КАКО ШТО ТВРДЕШЕ ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ДЕКА ОБЈЕКТОТ ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ЗА 9 МЕСЕЦИ, КОНЕЧНО МИНИСТЕРКАТА ЈОВАНКА И АКТУЕЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК  БОРЧЕ, НАСМЕАНИ, КАКО ДА СЕ ОД ЕДНА ПАРТИЈА СИ ВЕТИЈА: ВЕРНОСТ СО ЦЕЛ ДО ПРВИ СЕПТЕМВРИ ОВОЈ ОБЈЕКТ ДА БИДЕ ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА. И 300 ДЕЧИЊА КОИ ЧЕКААТ ЗА СМЕСТУВАЊЕ  ДА БИДАТ ЗГРИЖЕНИ ВО ОВОЈ ОБЈЕКТ.

        И НА КРАЈ – ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН, КАКО ТРГНАЛА РАБОТАВА: ГОСПОД НЕКА НИ Е НАПОМОШ!!!

 

 

 

Би можело да ве интересира

Граѓаните изгубија – нема времена мерка за ископ на Бехтел и Енка кај Оревоец

Сузана Николоска од ООУ„Кире Гаврилоски Јане“ меѓу најдобрите просветни работници во Македонија

Гордана Цветаноска

Граѓански парламент – ново советодавно тело во Општина Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе