3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Никој кај нас не помисли за еко акција на Светски Ден на Планетата Земја – Поради нелегално сечење на шумите годишно се губи територија колку Португалија

Денеска , 22 Април е Светски Ден на планетата земја. Светската организација за заштита на природата денеска на Денот на планетата Земја, соопшти дека територија со големина на Португалија се губи секоја година во светот поради нелегалната сеча на шумите, што како директна последица има „уште покатастрофални климатски промени и поголем процент на загуба на биолошката разновидност“.

Светската организација за заштита на природата за регионот Адрија (земји од поранешна Југославија и Албанија) во соопштението по повод Денот на планетата Земја наведува дека шумите „полека умираат“, и покрај бројните договори и договори постигнати на глобално ниво.

 

 

И, додека во Хрватска на Ден на планетата земја, беа организираа голем број на еко акции во чистење на водите од отпад расчистување на зелените површини, во Португалија се одржаа мирни протести „Инвестирајете во нашата Планета„ во Франција протести против голболното затоплување, Швеѓаните порачува „Зачувајте ја Земјата-зачувајте ја Хуманоста„ во Перу,  Перуанските шамани повикуваат на почит кон природните елементи на Денот на планетата Земја и направија церемонија за да го „смират гневот“ на планетата која е погодена од загадувањето на животната средина предизвикано од човекот. во Македонија, еколошките акции изостанаа.

Во Прилепско поради масовното дрвокрадство и помал дел климатските промени и пожарите, во Прилеп останаа само 20% шуми од вкупната територија на Општината.

Денеска никој на организира еко акции , никој не се обиде да ја подгне свеста и да  ја потенцира опасноста од загадувањето и уништувањето на зелените површини, водите и шумите. Останавме неми , не загрижени,  изполитизирани, егостични и  ја потврдивме само нашата неодговорност кон околината, природата која ја губиме секојдневно фралајќи ,смет ,ѓубре и отровни материи.Не се јави ниту една политчка партија да каже збор-два (како што велат тие на прес),ниту пак некое еко-друштво или младинска организација. Никој во Прилеп не подели добри вибрации кон природата – остана  ДЕНОТ НА ПЛАНЕТА ЗЕМЈА, во нашата околина БЕЗЖИВОТЕН!

 

 

Би можело да ве интересира

ДЈ Галоски ќе гостува во Прилеп

Елизабета Филипоска

Поетот на клавишите: Шопен и младите таленти-нов концерт во храмот „Св. Петка“

Пела Редакција

ЗАЕДНИЧКА РЕЦИКЛИРАЧКА АКЦИЈА НА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА, ПАКОМАК И BALL CORPORATION

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе