Витаминка ја доби наградата Најпосакуван работодавач за 2022 година меѓу македонските компанииза производство на храна. Изборот на Витаминка како компанија каде младите би започнале професионална кариера следи по анкетата спроведена од Vrabotuvanje.com.mk. на која одговориле 1138 испитаници, посетители на сајтот.
Наградувањето и изборот за најпосакуван работодавачмеѓу силна конкуренција значи дека Витаминка е компанија каде високо се ценат човечките и професионалните квалитети.
„Вреднувањето на вработените во Витаминка започнува со градењето на меѓучовечките односи така што функционираме како големо семејство каде секој вработен е рамноправно ценет и вреднуван. Создадовме одлични услови за работа, можности за личен и професионален напредок, бројни поволности и бенефиции за вработените, но и грижа за здравјето и добросостојбата на вработените со спроведување здравствени прегледи, продолжено породилно отсуство и други мерки со кои се зголемува задоволството кај вработените и се стимулираат семејните вредности.Како дел од ова наше семејство секој вработен претставува најголема вредност. Затоа и понатаму ќе продолжиме да бидеме тоа што сме денес, да го зголемуваме нашето Витаминка семејство и да станеме подобри и поголеми. Оваа награда е поттик да го надминеме постигнатото“, истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во Витаминка на доделувањето на наградите.
Во изборот за Најпосакуван и Најдобар работодавач беа вклучени македонските компании од прехранбената индустрија. Наградата беше доделена на свеченоста по повод одбележувањето 20 години постоење на Vrabotuvanje.com.