1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Пратениците гласаа ЗА Законот за здравствено осигурување за платено породилно отсуство за земјоделки

На комисиска расправа во Собранието помина Предлог на закон за измени и дополнување на Законот за здравствено осигурување со кој се овозможува платено породилно отсуство за земјоделки. Со тоа согледана е потребата од донесување на легислативни измени за земјоделките конечно да добијат системско решение за користење на правото на платено породилно отсуство. Предлог законот предвидува платено породилно отсуство за индивидуални земјоделци под еднакви услови како за сите останати вработени и самовработени лица во висина на минималната плата. Со ова решение ќе се надмине системска дискриминација и ќе има бројни бенефити во однос на унапредување на здравјето и благосостојбата на жените и децата од руралните средини.

Во соопштението од над 50 здружени невладини организации кои ја покренаа иницијативата се вели:  Овој чекор го гледаме како дел од пообемна иницијатива за унапредување на правата на руралното население, признавање и уважување на земјоделскиот труд. Преку овозможување на правото на платено породилно отсуство повеќе жени ќе се регистрираат како индивидуални земјоделки со што ќе станат дел од формалната економија, самостојно ќе ги уживаат правата кои произлегуваат од тој статус (право на здравствено, социјално, пензиско осигурување и сопствен приход од земјоделска дејност) со што на долг рок ќе се унапреди нивната еманципација и родовата еднаквост во руралните средини, стои во соопштението на заедничката граѓанска иницијатива во која според најавите следен чекор е донесување на законски измени со кои ќе се овозможи платено отсуство поради боледување и повреда на работно место за индивидуалните земјоделци.

Би можело да ве интересира

Прилепските советници го изгласаа буџетот за 2021 година

Гордана Цветаноска

Авто Контрол Станица за технички преглед одбележува 10 години од постоењето

Пела Редакција

За еден месец оштетени поголем број од контениерите за електричен и електронски отпад

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе