21.6 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Утревечер, Прилеп ќе ужива во македонската народна песна на фолк-фестивалот „Прилеп – фест“2023

Утре,  (01, јуни)  се е подготвено, за убавата македонска песна, за стартот на новото издание на фолк-фестивалот „Прилеп – фест“.  Во Прилеп веќе е најавено пристигнувањето на Наум Петрески, Зуица Лазова, Елена Велевска како дел од македонските фолк-пејачи кои утревечер во салата на Центарот за култура Марко Цепенков ќе настапат, на седмото издание на фолк-фестивалот „Прилеп – фест“.  На фестивалот ќе учествуваат,  бројни музички фолк – ѕвезди од нашата земја, но ќе има и гости од соседните земји, велат организаторите

„Се е подготвено за утревечер. Се бараат влезници повеќе, но капацитетите се тие кои се. Дел од учесниците веќе пристигнаа во градот, а публиката ќе има прилика да ужива во една преубава музичка вечер која ќе се памети долго.“ -велат тие

На сцената во домот на културата „Марко Цепенков“ ќе настапат дваесетина изведувачи, а учеството го потврдија: Наум Петрески, Зуица Лазова, Елена Велевска, Адријана Ацевска, Живе Мешуревски и Анастасиа Митровска, Лили Семкова (Бг), Владимир Поповски, Дрим Тим, Благоја Груевски, Алтернатор, Круна, Петар Нечовски, Дани Тик-Так, Даце Николовски, Фортуна, Барбика, Јордан Митев, Ирена Спасовска, Спасе Антевски и Марија Донева.

Би можело да ве интересира

“Јас со тајфа идам” е новото музичко дело на Тајфата во пресрет на празниците (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Во чест на Тоше: Стружанецот Стефан Спироски со прекрасен ковер на песната „Усни на усни“ (ВИДЕО+ФОТО)

Никола Димески

Александра Трајческа – силен , моќен и препознатлив вокал на македонската музика сцена (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе