14.8 C
Прилеп
четврток, 27 март, 2025
Пела Радио

Едно лице загина – во прекин сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Ресен поради сообраќајка

Bо тешка сообраќајна несреќа што утрово се случила меѓу патничко возило и камион близу Битола, кај местото викано „Кукуречанска раскрсница“, има жртва.

Сообраќајот на регионалниот патен правец Прилеп – Ресен е во прекин, потврдија од СВР-Битола.

Детална информација за причините за тешката сообраќајна несреќа:

Денеска (24.07.2023) во 05.08 часот во СВР Битола било пријавено дека  се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „сканиа“ со приколка со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) и патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки. Во несреќата, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено, велат од МВР за Курир

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

 

Би можело да ве интересира

Чистел пиштол од татко му, се ранил в нога

Гордана Цветаноска

Тешка кражба во Прилеп, крадецот приведен

Пела Редакција

Затвореник по преглед во болницата повредил двајца полицајци во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе